Линкови за пристапност

Во 2021-ва стартува прочистување на правосудството


Во 2021-ва стартува прочистување на правосудството
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Во 2021-ва стартува прочистување на правосудството

Индикатори ќе бидат отстсутво на доволно аргументи во образложението на судските одлуки, несовесно и нецелосна анализа на доказите, укинување на одлуки на пониските судови беа соодветни објаснувања

Со цел исполнување на клучниот европски критериум – владеење на правото - со почетокот на 2021 стартува т.н. прочистување на правосудството. Тоа се овозможи со неодамна усвоената методологија за филтрација со која ќе се врши проверка на функционирањето на судските институции. Оваа методологија е составена од неколку документи, но клучен е оној именуван како Интерен план за следење на работата на судиите и судовите во 2021 година. Тој, покрај постоечките законски основи за разрешување на судии што ги имаше Судскиот совет, овозможува и квалитативна оценка на работата на судиите преку проверки и увиди во предмети што ќе го прават трочлени комисии на Судскиот совет. Индикатори ќе бидат отстсутво на доволно аргументи во образложението на судските одлуки, несовесно и нецелосна анализа на доказите, укинување на одлуки на пониските судови беа соодветни објаснувања, како и зошто се одредува притвор и посебни истражни мерки, динамика на закажување рочишта, намерно застарување на предмети...

Доследно почитување на владеењето на правото, неселективност со конзистентни судски одлуки.
Здравев, претседател на Судски совет


„Целта на интерниот план е утврдување на објективните и субјективните причини за застареност на предметите и за нерешените стари предмети. Оваа обврска на советот е во насока на подобрување на квалиетот, ефикасноста, отчетноста, одговорноста на судиите. Доследно почитување на владеењето на правото, неселективност со конзистентни судски одлуки. Само така може да се промени перцепцијата на граѓаните и враќање на довербата во судството.“, Киро Здравев, претседател на Судскиот совет.

Промени има и во правилникот за работа на обвинителите - доработени се законските основи во оваа сфера.

„При проверка на работа на обвинители ќе се ценат стручност и квалитет, правните лекови, ажурност, ефикасност, непристрасност и совесност во постапувањето, етичност, соработка со странките и другите во обвинителството, организаторски способности.“, Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Северна Македонија.

Владата уверува дека целта е создавање европско судство, а не делење на луѓето на подобни и неподобни. „Тие времиња завршија“ – вели министерот за правда.

Со поставувањето на регулативата на ваков начин за избор, утврдување одговорност и разрешување на судиите и обвинителите
Маричиќ, министер за правда


„Со поставувањето на регулативата на ваков начин за избор, утврдување одговорност и разрешување на судиите и обвинителите формиравме здрави основи кои гарантираат дека ќе нема никакви чистки, дека ќе нема поделби на подобни, туку дека врз основа на јасни критериуми ќе се постапува еднакво за сите“, Бојан Маричиќ, министер за правда.

Брисел, во октомврискиот извештај за земјава, во делот на правосудството како приоритети за 2021 ги наведе имплементирање на новите законски решениеја поврзани со јавното обвинителство, зголемување на бројот на правосилни пресуди за предмети поврзани со корупција на високо ниво, манифестирање политичка волја за борба со корупцијата...

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG