Линкови за пристапност

Велес продолжува да креира лажни вести, но нивното влијание е многу помало


Велес продолжува да креира лажни вести, но нивното влијание е многу помало
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:26 0:00

За разлика од претседателските избори во САД во 2016 година, сега влијанието на т. н. автори на лажни вести од Велес, врз одлуката на американските граѓани, за кој претседателски кандидат да го дадат својот глас, беше многу помало, вели новинарката од Велес, Убавка Јаневска, која беше дел од едно пошироко континуирано истражување на оваа тема. Пред четири години, група на млади луѓе од овој град со закупување на домејни во САД, подигнување на веб страни и користење на социјалната мрежа ФБ, успеале да влијаат врз гласачкото тело, вели таа.

Четири години подоцна состојбата во нашиот град не е таква барем во тој дел, затоа што во таа индустрија на лажни вести, ги нема главните играчи. Оние кои што успеваа преку пласирањето на лажните вести да влијаат голем број на граѓани во САД, тогаш за да ја добие поддршката претседателскиот кандидат Доналд Трамп“ вели Убавка Јаневска, новинарка од Велес.

Нивното, влијание, пред четири години, според некои проценки, било помеѓу 60 и 80 милиони корисници. Ова го поттикна ФБ да креира комплетна софистицирана заштита на својот производ, додава Јаневска, според која после изборите во 2016 година, биле блокирани десетици ФБ страници, на граѓани од Велес, за да не може да се шират лажни вести преку оваа социјална мрежа.

„Овој пат целата постапка од она што досега успеав да дојдам како информација, е дека се користат далеку помали социјални мрежи, на кои гледаме дека има 2800000 корисници или 3 милиони корисници. Се обидуваат повторно да отвораат страници, да обезбедуваат домејни и да пласираат лажни вести во полза на претседателскиот кандидат Доналд Трамп“ вели Јаневска.

А, како го правеа тоа. Јаневска објаснува дека преку симнување на вести од сајтови, кои го подржувале Трамп и нивна преработка, потоа ги постирале. Секој нивни корисник при кликањето на веста им носела директна заработувачка, а преку објавениот текст се вршело влијание врз граѓаните кои треба да гласаат.

Трајче Арсов од Велес, уште во 2015 година го основал сајтот www.usapoliticstoday.com. За Гласот на Америка тој во пишана изјава вели дека за разлика од повеќето медиумски „тајкуни“ кои основаат медиуми за да влијаат на политичките процеси или да се додворуваат на политичари за моќ, идејата негова и неговиот брат била создавање на перспективен бизнис модел од кој може да се заработува. Вели дека на неговиот сајт никогаш не биле креирани лажни вести. На почетокот тој ги пишувал содржините со користење на информации од конзервативни мејнстрим медиуми како кредибилни извори.

„Понекогаш содржините беа репостирани со преработка на постоечката содржина, но тоа беше на почетокот до крај на 2015 година. Кога на сајтот почна да се зголемува посетеноста, ангажирав исклучиво лица од САД кои во изминативе 5 години кумулативно беа околу 20 автори и еден од Велика Британија. Пишуваат авторски текстови со проконзервативна содржина, бидејќи сајтот е десно-позициониран со поддршка на конзервативците, а во едно и републиканците, како најблиску до либертаријанците по идеологија“ вели Арсов.

На порталот на Арсов, досега биле објавени околу 15.000 содржини. Вели дека изборите во 2016 година не биле причина за основање на истиот и оти немал за цел да влијае на гласачите во САД. Вели дека тој бил негов прв и единствен онлајн медиум кој од Септември 2015 година до денес функционирал без прекин, со редовно објавување на содржини за политиката во САД.

„Една од најголемите лаги на странските медиуми, која до денес остана како кованица за Велес и Македонија, е дека во Македонија се креирале лажни вести за САД. Велес во светот важи за град на лажните вести, што секако не е точно.Причините за така силна медиумска пропаганда од мејнстрим медиумите да ги дискредитираат македонските портали, според мене е поради поразот на кандидатот од демократите Хилари, која очекуваше сигурна победа 2016 година“ вели Арсов.

Арсов објаснува дека доколку од вакви веб портали, можело да се заработува многу пари, тогаш исти такви портали ќе се отворале и во САД, но оти за земја како Македонија во која просечната нето плата била околу 400 евра, тој бизнис бил доволно атрактивен за тие што не работат, или се студенти, да започнат сами свој бизнис со заработка од реклами.

Но, новинарката Јаневска, вели дека според нивните истражувања во игра биле далеку поголеми суми на пари и оти во 2016 година околу две илјади млади луѓе од Велес, биле вклучени во т. Н. фабрика за лажни вести, за што истражувале и влијателни медиуми од Европа и САД. Прашавме во МВР дали имаат информации за ова и дали можеби водат некаква истрага, но одговор не добивме. Но дознаваме, дека македонските институции се во координација со американските безбедносни служби во врска со овој случај.

XS
SM
MD
LG