Линкови за пристапност

Колку македонските граѓани веруваат во судскиот систем?


Колку македонските граѓани веруваат во судскиот систем?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Вкупно 342 жалби против Република Северна Македонија, чекаат одлука во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Десеттина поранешни функционери од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу кои и екс премиерот Никола Груевски и министрите Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска за кои во Северна Македонија се водат судски процеси, ја тужат државата во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, при тоа повикувајќи се на аболицијата за нив на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Но во врска со ова во јавноста се појавија и одредени дезинформации, дека Европскиот суд веќе донел позитивна одлука по однос на двете апликации, нешто што министерот за правда Маричиќ, го оквалификува како лажна вест. Според него целата постапка во која државата е странка е во рана фаза.

„Стигнаа пред десеттина дена апликациите на разгледување во Владата. Се уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно ги разгледуваме, работиме и се подготвуваме. Мислам дека ќе направиме соодветна стратегија која ќе работи во одбрана на владеење на правото и правната држава“ вели Бојан Маричиќ, министер за правда.

А, во моментот вкупно 342 жалби против Република Северна Македонија, чекаат одлука од Стразбур. Во периодот од

2016 до 2019 година донесени се 65 пресуди, во кои е констатирана повреда на Европската конвенција за човекови права. Седумнаесет од нив се водечки предмети, додека 48 од пресудите се за повторувачки предмети. Од јануари до јуни 2020 година донесени се вкупно осум пресуди и три одлуки за пријателско спогодување.

„Правата на кои најчесто се однесуваат пресудите се повреда на правото на правична постапка, правото на приватен и семеен живот, заштита на сопственоста, слободата на здружување но и многу сериозни повреди како правото на живот и забрана за мачење и нечовечко постапување“ вели Зоран Дранговски, Македонско здружение на млади правници.

Познавачите на приликите велат дека се почесто македонски граѓани се одлучуваат да ја бараат правдата во Стразбур, како резултат на недоволната доверба во домашниот систем, но откако ќе ги исцрпат сите правни лекови кои им стојат на располагање во земјава

„Бројот на предмети, спореден со бројот на жители во нашата држава е голем. Тоа значи дека големо е незадоволството на граѓаните од постапките на домашните органи. И она што е најважно има многу предмети кои се многу сложени, кои се многу карактеристични, во предмети каде е покажано дека државата несоодветно ја има остварено својата улога. Дали е тоа преку судовите, дали е тоа преку комисиите во одредени органи“ вели Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во судот за човекови права во Стразбур.

Според статистиката на комитетот на министри на Совет на Европа, само во последните три години, досудениот износ по основ на одлуки и пресуди кои државата треба да ги исплати на граѓаните кои ја тужат изнесува 582215 евра. Од млади правници велат дека загрижува фактот што никој не презел одговорност за штетите кои настанале со овие предмети.

„Четириесет и пет од предметите кои сега треба да бидат обештетени, се повторувачки предмети. Односно веднаш кога ние сме го добиле првиот случај, не сме презеле доволно мерки и активности, да не дојде до повторно до постапки пред Стразбур. И ова е особено важно бидејќи се додека државата е бавна и не постапува ефикасно во однос на овие пресуди од Стразбур, во тој случај само губи државата, и ќе добиваме се повеќе и повеќе пресуди за кои треба да плаќаме оштета“ вели Зоран Дранговски, Македонско здружение на млади правници.

XS
SM
MD
LG