СКОПЈЕ - Парцијални промени, крпеници од протоколи но и двонеделно затварање на локалите за да се утврди дали навистина угостителскиот сектор е причината за растот на бројките на заболени е ставот на Независната угостителска комора (НУК) по новиот сет на превентивни мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести а кои ги усвои Владата на вчерашната седница. Мерките предвидуваат забрана за гостување на пејачи, групи или диџеи, бучавата се ограничува на 55 децибели, максималниот дозволен број на лица на една маса се враќа повторно на четворица, сите гости мора да седат на масите и продолжува забраната за работење на дискотеките и ноќните барови.
„На секој од нас му е јасно дека новите ограничувања односно промена на протоколите за работа нема да го решат зголемениот број на заболени. Свесно ги поттикнуваат и приморуваат младите и гостите од угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила без апсолутно никаква контрола и никакви механизми за заштита и превенција на личното и јавното здравје“, стои во официјалното соопштение на НУК.
Од Комората се на став дека заради неколку несовести угостители мора да трпи целата фела, над 6.500 угостители и дека инспекциите и МВР мора да добијат поголеми надлежности што би дало подобри резултати од новите мерки кои се на сила.
Угостителите ја предизвикаа Владата и Комисијата. Подготвени се да ги затвроат своите локали во траење од две недели за да се утврди точно кој е виновен за рапидниот раст на бројката на заболени. Доколку се потврди дека иако затворени бројките растат, бараат Владата да им ја надомести штетата.
„Последните мерки се крпенци и не кореспондираат со реалноста. Наместо да засукаат ракави и дадат конкретни препораки за работа на целокупната угостителската индустрија. Да, ние најавивме додколку Владата ни даде гаранција дека ќе ги надокнади штетитетогаш ќе ги затвориме. Ние сме подготвенида го направиме тоаи да видиме дали ќе се потврди дека ние сме виновни односно начинот на кој што се мери и утврдува ширењето на епидемијата ќе ги потврди тезите на Комисијата“, изјави Здравко Јосифовски, претседател на НУК.
Тој е дециден дека ниту Комисијата ниту Владата не ги поканиле да учествуваат во креирањето и изгтвувањето на мерките и протоколите за работа во угостителскиот сектор и тврди дека пред повеќе од еден месец,токму НУК предложил унифицирани протоколи за работа во усогласени со СЗО кои ги опрфаќаат сите сегменти на работењето на угостителсткиот сектор.
„Проблемот е колкава е штетата на општествениот живот. Угостителството е дел од нашиотначин на живеење. Од навики создаваме одвики. Моменталната шетата е повеќе од две третини од приходите. Голем дел од локалите се под ризик од затварање, до пролет. И ќе мора да се проеиоринтираат кон други сектори и индустрии ако воопшто имаат средства да инвестираат. Материјалната шетата е огромна. Угостителите нема да реализираат ни третина од ланските приходи“, вели Јосифовски.
Од Комисијата за заразни болести со зачудување од реакцијата на НУК. Оттаму велат дека угостителите учествувале во изготувањето на препораките и дека станува збор за мали измени кои не го ограничуваат работењњто на уготителите туку спречуваат организирање на поголеми настани
„Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави. При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани“,стои во официјалното соопштение на Комисијата испратено до јавноста.
Министерот Венко Филипче пак тврди дека препораките за новите мерки се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19.
„Мерките беа димензионирани така да секогаш разговаравме со чинителите, затоа што секоја струка има по некоја специфика. И така беше и со музичарите, јавните настани, организаторите на настани. Донесовме протоколи за работа на затворено, на отворен простор итн. Со што се соочивме, многу конкретно - во изминатиот период значајно зголемување на бројот на заразени во возрасната група на третата и четвртата декада. И од увидот во епидемиолошките прашалници во огромен процент, од настани во коишто мерките за жал не се почитувале. И тоа е нешто што сега се случува во регионот, цела Европа“, рече Филипче.
Жестокот реагираа и музичарите кои повторно нема да може да настапуваат а со тоа и да заработуваат за да може да обезбедат основни средства за живот. Тие за во среда најавија хепенинг како еден вид на протест а од НУК пак велат дека откако ќе ја добијат поканата но и барањата и ако се сложат со нив безрезервно ќе ги поддржат.
Додека угостителскиот сектор се ограничува, границите во регионот ќе се отвараат. Владата утре ќе донесе одлука околу препораката на Комисијата за укинување на задолжителните ПЦР тестови за граѓаните на Србија, Албанија, Косово и Црна Гора. Ризикот не бил висок бидејќи е мала бројката на импортирани случаи објаснуваат епидемиоплозите.
„Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР тестирање“, соопштија од Комисијата.
Премиерот Зоран Заев пак кажа дека станува збор за регионална иницијативаза која се чека одговор од Србија и Бугарија но и дека се работи за неопходни патувања без да прецизира што точно се подразбира тоа.
„Станува збор за регионална иницијатива, бидејќи горе-доле бројките се исти. Го чекаме уште одговорот од Србија и Бугарија. Утре Владата ќе одлучува за укинување за ПЦР тестот, регионот треба да биде отворен.Без ПЦР-тест ќе се поминува границата ама ако е најнеопходно,бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно“, изјави премиерот Заев.
Црна Гора, Косово и Албанија веќе потврдиле дека и тие ќе ги укинат задолжителните ПЦР тестови за македонските државјани но кога точно засега не е познато.
Во опоследните три дена во Северна Македонија се регистрирани над 500 заболени од кои најголем број се во Скопје.
Во моментов во регионот најниски бројки на нови случаи има во Косово и Србија и тие во последните пет дена се движат меѓу 50 и 110 случаи дневно. Во Црна Гора бројките се движат од 190 до 240 случаи додека во Албанија се околу 150 новозаболени дневно.
Грција соопшти дека до 12 октомври останува на сила одлуката според која на македонските државјани им е забранет влез во државата.
Facebook Forum