Зачестените состаноци меѓу Белград и Приштина во Брисел и во Вашингтон укажуваат колку е важно да се постигне решение за односите меѓу Србија и Косово – вели Иван Вејвода, висок соработник на Институтот за општествени науки во Виена, а кој претходно беше потпретседател на германскиот Маршалов фонд во Вашингтон.
Вејвода смета дека состаноците во Вашингтон на 4 септември и во Брисел на 7 септемвритреба да се гледаат во поширок контекст на разговорите меѓу Белград и Приштина кои почнаа уште во март 2021-та додека претседател на Србија беше Борис Тадиќ.
Во овој период имаше и други паузи, потсетува нашиот соговорник, кој средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерот на Косово Авдулах Хоти во Овалната канцеларија ја смета за важна.
„Секако дека присуството во Белата Куќа е секогаш значајно особено што Балканот повеќе за среќа не е на врвот на листата на дневниот ред на светските настани и се чини дека постои желба да се забрза наоѓањето на решение за разликите кои постојат меѓу Србија и Косово. Ќе видиме секако дали е тоа можно. Меѓутоа, постои поголема активност од онаа што постоеше во последните година, две“ вели Вејвода.
Главниот актер во тие напори останува Европската Унија, вели тој.
„Но, Европската Унија тука не е сама и ако има договор тој ќе биде постигнат се разбира и со помош на САД кои од секогаш биле во тие разговори, во изминатите десет години. Би потсетил дека е значајно и тоа што на неодамнешниот состанок во Брисел со Мирослав Лајчак заедно со претседателот Вучиќ и со премиерот Хоти беше и американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер. Америка и Европа работат заедно без оглед на тоа што има некои разлики особено во поглед на Блискиот Исток и тој договор (како прашањето за префрлање на амбасадите на Србија и на Косово од Тел Авив во Ерусалим) кој е постигнат во Белата Куќа помеѓу Србија и Косово и САД од дрга страна. Тоа за американската страна е многу важно, но во Брисел беше дочекано со скпетицизам и критика дека тоа не е во согласност со приоритетите на надворешната политика на ЕУ“ вели Вејвода.
На прашањето како го предвидува развојот на овој процес вклучително и можноста за промени во Белата Куќа Вејвода вели:
„Ако дојде до промена и дојде демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, мислам дека тој нема да има ништо против овој еконосмки дел од договорот, на доаѓањето на американската Корпорација за меѓународен развој во финансирање на автопатот меѓу Ниш и Приштина и продолжувањето на пругата кон Драч во Албанија. Мислам дека тоа се работи за кои сите се согласуваат. Мислам дека Европа нема ништо против тоа. Всушност Европската инвестициска банка финансира дел од тој автопат низ Србија јужно од Ниш“
Освен тоа Џо Бајден и Александар Вучиќ веќе се познаваат добро, укажува Вејвода.
„Тие се сретнаа неколку пати. Бајден доаѓаше како потпретседател на САД во 2016-та. Тогаш се сретна со Вучиќ и тие добро се познаваат и мислам дека анализите дека ќе дојде до промена доколку Бајден стане претседател на САД се претерани. Сигурно ќе има промени, но што се однесува до политиката кон Балканот јас не би очекувал некоја драстична промена. Единствено можеби кон селењето на амбасадата зашто многу експерти тврдат дека потписите на дој документ се необврзувачки“ објаснува Вејвода.
Дали е реално да се очекува наскоро решавање на спорот меѓу Србија и Косово?
„Оваа зачестеност на состаноците – два во Брисел за месец и половина, состанок во Вашингтон и најновиот во Брисел најавен меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Хоти за крајот на септември, како и состанокот на експертските тимови говори за вложениот напор за оваа важна тема“ вели Вејвода. „Не е безначајно и тоа што Косово на состанокот во Вашингтон соопшти дека ќе пристапи кон мини Шенген, што наиде на задоволство кај едни и на незадоволство кај други. Би рекол дека тоа е инцијатива за регионална економска и друга соработка каде треба да разните царински, патни и други бариери, вклучувајќи го и признавањето на допломите, да се усогласат за регионот да може да живее посладно. Да не заборабиме дека тоа е првобитно иницијатива на Србија, Македонија и Албанија на која пред неколку месеци се приклучи и Црна Гора. Мислам дека со тоа регионот сака да испрати сигнал до Европа и до светот дека е способен и дека презема вредности од меѓународната соработка а со тоа и ги јакне мирот и стабилноста во регионот“ заклучува Вејвода.