Линкови за пристапност

Кинески кибернетски напад на Ватикан


Њујорк Тајмс во средата објави дека компјутерските системи на Ватикан биле пробиени од кинески хакери уште од мај, очигледна шпионажа пред почетокот на чувствителните преговори меѓу Римокатоличката Црква и комунистичка Кина.

Тајмс пишува дека нападот, кој бил откриен од американската фирма за кибернетска безбедност Recorded Future, по се изгледа е прв случај на јавно откривање на кинески хакери кои влегле во системите на Ватикан и на група базирана во Хонгконг која де факто претставник на Ватикан во преговорите со Кина околу статусот на Црквата во оваа држава.

Весникот пишува дека експертите за кибернетска безбедност од Recorded Future претпоставуаат дека хакерите работат за кинеската Влада.

Се очекува Ватикан и Кина да ги продолжат разговорите во септември околу првичниот договор кој го постигнаа во 2018-та, а кој на Папата му го дава последниот збор околу изборот на владици кои претходно треба да бидат одобрени од Комунистичката Партија за да ја водат Католичката Црква во оваа држава.

Тајмс пишува и дека откривањето на хакерите сигурно ќе го разгневи Ватикан и дополнително ќе ги искомпликува односите со кинеските власти.

Двете страни ги прекинаа формалните дипломатски односи во 1951. Ватикан официјално го признава Тајван, самопрогласената држава за која Пекинг тврди дека треба да биде под негова контрола.

Доколку Ватикан и Кина ги обноват дипломатските односи, повеќе од сигурно е дека кинеските власти ќе бараат прекинување на сите врски со Тајван.

Кина официјално го признава Католицизмот и уште четири други религии, но Комунистичката Партија често смета дека религиозните групи и верниците претставуваат закана за националната безбедност и дека работат на поткопување на владеењето на Партијата.

Властите често користат кибернетски напади за да соберат информации за религиските групи како будистите и муслиманите, како и за членовите на забранетото движење Фалун Гонг кое оперира надвор од земјата.

XS
SM
MD
LG