Линкови за пристапност

18 Стрит клубот – институција која остави белег врз Вашингтон, по 25 години постоење


Пандемијата со коронавирусот и мерките за социјално дистанцирање најмногу се одразуваат врз ноќниот живот каде бројни клубови

Пандемијата со коронавирусот и мерките за социјално дистанцирање најмногу се одразуваат врз ноќниот живот каде бројни клубови, дискотеки и барови нема да отворат поради економските импликации ширум САД.

Фотографија од Вашингтон пост за забавата во 18 Стрит
Фотографија од Вашингтон пост за забавата во 18 Стрит

Животот, или атмосферата во ноќните клубови – е да сретнеш непознат, да се социјализираш, да танцуваш, - како никој да не ве гледа...

Томас Блонет e поранешен Ди-Џеј, во 18th Street Lounge.

Глас на Америка: Дали е крај на една ера?

„Дефинитивно е крај на една ера, затоа што многу музичари и ди-џеи, во Вашингтон немаат повеќе свој дом каде да настапуваат и да ја презентираат својата музика. Ќе ја загубиме креативната слобода, која ја нема на други места“, вели Блондет.

Клубот „ЕСЛ“, е еден од предводниците на ноќната сцена во Вашингтон, но коронавирусот го принуди да стави клуч на врата! Се стравува - иста судбина ги очекува многу барови, клубови, дискотеки, во главниот град на САД.

„Сите други прописи, како оддалеченост, луѓето да носат маски, да не комуницираат со келнерите, без танцување и забавување до доцните часови, ја уништува идејата на постоење на еден ноќен клуб, и нема потреба да работи!“, вели Фарид Нури, ко-основач и сопственик на познатиот вашингтонски ноќен клуб „18 Street Lounge“. По 25 години јубилеј, не успеа да го преброди ударот од пандемијата со коронавирусот.

Овие бизниси работат со акцент на голема посетеност, преполни места, и социјализирање. Мерките за социјално дистанцирање не одат заедно со ноќните клубови
Фарид Нури, сопственик на 18 Стрит


„Ова не е најдобро време за услужните бизниси, особено ноќните клубови. Овие бизниси работат со акцент на голема посетеност, преполни места, и социјализирање. Мерките за социјално дистанцирање не одат заедно со ноќните клубови“, вели Фарид за Гласот на Америка и констатира дека мерките за социјално дистанцирање го уништуваат духот за забава по ноќните клубови –


Клубовите во Вашингтон, според актуелните проценки треба да ги отворат вратите, следната година. Над 30-тина вработени кај него, треба да бараат нова работа, коментира Нури, и додава дека несомнено, отпуштањата од секторот за ноќен живот ќе се одрази врз локалниот пазар на трудот во околината на Вашингтон.

DC Night Life 18 Street Lounge 3
DC Night Life 18 Street Lounge 3

(Клубот од 10.000 квадратни метри е затворен од пред три месеци.)

Според планот за целосно реотворање на Вашингтон, ноќните клубови и дискотеки, нема да можат да отворат се до последната фаза, која ќе биде „новата нормалност“, или кога ќе биде пронајдена вакцината против Ковид-19. Експертите проценуваат дека вакцината против коронавирусот ќе биде достапна за 12 до 18 месеци.

Глас на Америка: Дали би се обиделе повторно, во некое друго време?

„Да. Некој има речено, институциите не умираат, тие продолжуваат да се развиваат. Дојден е моментот – јубилеј, 25 години од отворањето, се појави коронавирусот, и истекува договорот за ќирија. Клубот заминува, но остава печат врз градот“, изјави сопственикот Нури.

Останува, да се надеваме дека заштитниот знак на техно, амбиенталната, но и авангардна музика, клубот, кој долги години беше збиралиште на музичари, џет сет, продуценти, ди-џеи, модни ревии, ќе се врати во Вашингтон, во некоја друга форма со покреативни енергии и сјај, и препознатлив белег, „18 Street Lounge“…

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG