Линкови за пристапност

Стари куќи, зелник и прошетки не се доволни: Како да се промовира руралниот туризам?


Инвестицијата во маркетинг и одржлив развој, ќе донесе повеќе клиенти и клиентела која постојано ќе се враќа

Мал е бројот на субјекти или поединци во државата кои се занимаваат со рурален туризам, а кој за негова промоција и реклама ги користат социјалните медиуми. За таа цел во Струга и во неколку други градови низ државата беа спроведени серија обуки, каде сегашните и идни даватели на ваков вид на туристички услуги учеа како и на кој начин да ги користат модерните начини на комуникација со потенцијалните гости.

Маја Чубриќ е туристички водич од Охрид. Дел е од организација што се занимава со давање на услуги за рурален туризам. На гостите што доаѓаат во Охрид им нудат едно поинакво доживување од вообичаеното. Ги водат низ недопрените предели на планината Галичица или други такви локации, а имаат можност да пробаат и локални специјалитети.

Сè уште мал е бројот на туристички капацитети или субјекти, кои ги практикуваат социјалните медиуми односно дигиталниот маркетинг за нивно рекламирање. Некои допрва разработуваат идеи како да го развијaт овој вид туризам.


„Ова лето имавме околу 200-250 учесници на нашите тури. Најголем број доаѓаа од Шведска, Норвешка. Имавме учесници од Словенија, Англија, Турција. Се работи за тури со пешачење по маркирани патеки за кои не е потребна посебна физичка подготвеност“, вели Чубриќ, од агенцијата „Трек Ми“.

Таа додава дека без добра промоција на социјалните мрежи, денес е речиси невозможна комуникацијата со потенцијалните туристи.

„Единствен начин кој го користевме најпрво за промоција на нашата услуга беа печатените флаери со основните информации за турите кои ги нудиме и се разбира преку Фејсбук и Инстаграм, преку кои имавме многу туристи кои што дознале за нас преку социјалните мрежи“, вели Чубриќ.


Но, иако руралниот туризам во земјава полека расте, сè уште мал е бројот на туристички капацитети или субјекти, кои ги практикуваат социјалните медиуми односно дигиталниот маркетинг за нивно рекламирање. Некои допрва разработуваат идеи како да го развијaт овој вид на туризам.

„Во регионот на Тетовскo, поточно микро регионот околу селото Вратница. Развој на рурален туризам со пренамена на селски куќи во сместувачки капацитети“, вели Томаж Ѓеорѓиевски, туристички работни.

Лета Абдулаи е маркетинг истражувач и обучувач за промоција на рурален туризам.

Таа своите искуства ги пренесе на оние кои се дел од вакви приказни или оние кои допрва планираат да го прават тоа.

„Има капацитети од руралните средини кои сè уште немаат бренд, немаат лого, а камоли да имаат Фејсбук страница или пак Инстаграм и други начини на промоција. Целта на оваа обука е да ги обучиме како они сами да може да направат бренд и како да се промовираат преку сите канали на комуникација“, советува Абдулаи.

Земјава располага со голем потенцијал од природни ресурси до храна, кои се недоволно промовирани пред се поради незнаење вели Абдулаи.

Сепак има и такви места во државата кои се препознатливи по овој вид на туризам, како на пример Вевчани кај Струга или селото Куратица во Охрид. Но и села во регионот на Преспа и Шар Планина. Дополнителен проблем е што последната стратегија за развој на рурален туризам е со важност од 2012 до 2017 година. Од Министерството за економија велат дека до крајот на 2019 година ќе биде донесена „Потстратегија за рурален туризам”.

Веќе неколку години на располагање е и мерката ,,Субвенции за туристички цели на селски домаќинства“, која предвидува кофинансирање до 60%. Оваа година за првпат се категоризирани одреден број на селски домаќинства во нашата држава, преку кофинансирање.

Прошетки, зелници и макала не се доволни: Неискористен потенцијал на селскиот туризам
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

XS
SM
MD
LG