СКОПЈЕ –Директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски, тврди дека не постои можност пописот да се изведе пред изборите бидејќи станува збор за сложена операција.
„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“, рече Симовски.
Она што е јасно е дека попис на населението домаќинскатвата и становите во државата најрано може да се изведе во октомви идната година. Тоа се должи на фактот што откако се закажаа изборите, ќе треба да се чека на формирање на новиот парламентарен состав и Влада и потоа да се предложи и изгласа законот за попис.
„Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон“, изјави Симовски.
Според првичните најави, пописот ќе ја чини државата околу 8 милиони евра.
За лидерите на политичките партии, пописот е битен но изборите се императив.
„ Мојот став е дека во 2020 година пописот треба да биде направен. Може да го направиме после изборите, а ако е подготвен Државниот завод за статистика и пред изборите“, рече премиеротЗаев, по лидерската средба во „Вила Водно“.
Сличен став имаа сите освен лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пак смета дека пописот треба да се направи 2021 година.
„ Бараме пописот да биде статистичка операција, а не политички договор и малку е неправилно тој да се направи на крајот на декадата. Не гледам логично објаснување наредната година да имаме попис. Мислам дека тоа треба да се направи на почетокот на наредната декада односно во 2021, како што тоа го прават сите европсски земји“, кажа Мицкоски.
Пописот и прашањата поврзани со него останаа некаде на половина и во работните групи на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ кои кон средината на летово требаше да се усогласат околу законот за јавно обвинтелство, и пописот на населнието.
Она што засега е јасно е дека во прашалникот со кој ќе се изведува пописот ќе има графа за етничка и религиска припадност. Овие две графи беа оспорувани од дел од политичките чинители во државата и се бараше да бидат отстранети.
Последен пат во Македонија е направен попис во далечната 2002 година со што нашата држава е една од ретките во светот каде оваа операција не е повторена и нема прецизна бројка за населението, домаќнствата и имотите.
Во 2011 година тогашната владина коалиција, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, ја започнаа оваа статистичка операција но по само неколку дена ја прекинаа давајќи неиздржани аргументи.
Минатата година, Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) отвори истрага против поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети сомничејќи ги дека го прекинале пописот и истовремено го оштетиле државниот буџет за речиси три милиони евра.
Facebook Forum