Линкови за пристапност

Македонско-грчката комисијата почна со работа: Како ќе се регулираат трговските марки и термините Македонија и македонски во брендовите?


Почна со работа македонско - грчката комисијата за трговските марки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Според Државниот завод за индустриска сопственост, македонските компании имаат 344 меѓународно регистрирани трговски марки - само пет од нив го содржат името Македонија

Македонско-грчката комисија за трговските марки, која беше формирана согласно Преспанскиот договор, а со цел изнаоѓање решение за спорните моменти околу употребата на трговските марки почна со работа.

За три години Северна Македонија и Грција треба да дојдат до договор за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот Македонија или придавката Македонски.

Сега за тоа треба да се разговара. Што пречи, кому пречи. Можеби некои марки ќе останат, ако не пречат никому. Некои можеби ќе се согласат дали ќе бидат укинати
Ѓорѓи Филипов, копретседавач на македонско-грчката експертска комисија


Ѓорѓи Филипов, копретседавач на македонско-грчката експертска комисија, вели дека нивна задача меѓу другото е да ги охрабрат, но и да им помoгнат на деловните заедници од двете земји да дојдат до меѓусебна согласност кои имиња би биле прифатливи за двете страни.

„Нормално е дека Хеленската република има повеќе. Поголемо е стопанството, интегрирано е во ЕУ, а ние од политички причини голем дел од марките не може да бидат заштитени, па дури и ако биле пријавени, затоа што ние сме надвор од ЕУ. Сега за тоа треба да се разговара. Што пречи, кому пречи. Можеби некои марки ќе останат, ако не пречат никому. Некои можеби ќе се согласат дали ќе бидат укинати“, вели Филипов.

Според Државниот завод за индустриска сопственост, македонските компании имаат 344 меѓународно регистрирани трговски марки. Само пет од нив го содржат името Македонија. Пет меѓународно регистрирани производи има и со македонски географски ознаки. Меѓу нив е и Охридскиот бисер.

Mихајло Филев кој е производител на овој бренд вели дека е многу важно да се знае од каде потекнува нивниот производ.

„За Охрид бисерот е многу битен елемент кој нормално туристите треба да го видат и начинот на изработка. Ние вршиме и презентации за начинот на изработка за да се запознаат со него. И потоа сме препознатливи и затоа е многу важно да биде заштитен овој наш производ“, вели Филев.

За територијата на Република Северна Македонија од вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти, 79 го содржат зборот Македонија, 77 англиската верзија на името Macedonia, а придавката македонски ја содржат 12 регистрирани трговски марки.

Ако никому не му пречи македонска алва, зошто да не постои или ако не му пречи нешто што е со македонска придавка или нешто што е од Македонија
Mихајло Филев, производител на охридски бисер


Филипов пак вели дека од целиот процес можат само да добијат и двете страни.

„Ќе треба двете страни за двете работи да дискутираат. Ако никому не му пречи македонска алва, зошто да не постои или ако не му пречи нешто што е со македонска придавка или нешто што е од Македонија. Ние досега не сме имале ниту една марка заштитена во ЕУ со терминот Македонија. Ние тргнуваме од една точка во која нашите компании можат само да добијат“, објаснува копретседавачот на Комисијата.

Инаку новиот грчки премиер Мицотакис неодамна кажа дека нивни приоритет е заштита на брендот Македонија и оти ќе се бори за зајакнување и промоција на сите производи кои го носат тоа име.

XS
SM
MD
LG