Линкови за пристапност

Идентификуван напаѓачот кој застрела 12 лица на студентска забава во Калифорнија


Мотивот на 28 годишниот напаѓач, Иан Лонг, се уште не е разјаснет

Властите го идентификуваа напаѓачот кој застрела и уби 12 лица доцна средата во бар во Калифорнија. Се работи за 28 годишниот Иан Лонг.

Мотивот на напаѓачот се уште не е разјаснет.

Масовното пукање започнало откако напаѓачот, кој исто така почина, влегол во барот Borderline Bar & Grill во градот Таусенд Оукс вооружен со рачен пиштол и чадна бомба. Во клубот во тоа време имало студентска забава.

Шерифот на општината Вентура Џеф Дин изјави дека еден од првите полицајци кои што пристигнале на повик во барот во градот Таусенд Оукс, бил застрелан кога се конфронтирал со напаѓачот.

29 годишниот ветеран Рон Хелус, откако бил пренесен во болница, им подлегнал на повредите.

„Ѝ кажав на неговата сопруга дека тој умре како херој“, рече шерифот Дин.

Во нападот се повредени многу луѓе, но точната бројка е непозната, бидејќи голем дел од нив сами заминале во болница.

„Ова е ужасен инцидент“, рече Дин.

Ова е дел од ужасите кои што се случуваат во нашата држава и насекаде, и мислам дека е невозможно да се најде логика, ова е бесмислено
Џеф Дин Шериф на општината Вентура

Во истрагата се вклучени и агенти на ФБИ.

Претседателот Трамп напиша на Твитер дека е целосно брифиран за инцидентот, ја поздрави реакцијата на вршителите на законот и упати благослов до жртвите и нивните семејства.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1060511925883285504

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1060515116700045312

Дин рече дека осомничениот бил пронајден мртов во внатрешноста на барот со прострелна рана од огнено оружје, но не е јасно кој го пукал.

Очевидци рекоа дека било хаотично, имало пукотници од сите страни, а присутните барале начин да избегаат или да се скријат.

Пукањето се случи неколку дена откако напаѓач масакрираше 11 луѓе во синагога во Питсбург, Пенсилванија. Осомничениот во тој случај, 46-годишниот Роберт Бауерс, се изјасни дека не е виновен за федералните обвиненија. Обвинителите бараат смртна казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG