Линкови за пристапност

Италија предлага рестрикции за спасувањето на бегалци на море


Новиот кодекс, подготвен од италијанската влада претставува нови правила во врска со бродовите за спасување на бегалците во Медитеранот, предизвика жестоки реакции меѓу добротворните организации и групите за права, кои тврдат дека во опасност се ставаат илјадници животи.

Според предлогот, кој Европската унија ги одобри во понеделникот, бродовите за спасување на бегалци управувани од добротворни организации не смеат да комуницираат со шверцери со луѓе преку телефон или со помош на светла за утврдување на нивната локација. Тие сега само можат да патролираат во меѓународните води, но не и во либиските територијални води каде што можат да ги приберат барателите на азил поблиску до брегот.

Секој брод што ќе биде откриено дека ги прекршил новите правила, ризикува да добие забрана за прифаќање во италијанските пристаништа.

Хуманитарните бродови згрижиле една третина од сите мигранти кои се обидуваат да го преминат опасниот медитерански премин од Либија до Италија.

Во Италија се отвори и дебата за тоа дали бродовите за спасување на бегалците ненамерно ја охрабриле миграцијата. Некои во Италија ги обвинуваат хуманитарните агенции за соработка со шверцерите со луѓе со тоа што организирале прифаќање на бегалците на одредени локации. Хуманитарните групи ги отфрлаат ваквите тврдења.

„Со оглед на големината на трагедиите во морето и ужасните злоупотреби, мигрантите и барателите на азил со кои се соочуваат во Либија, ЕУ треба да соработува со Италија за да го зајакне стабилното пребарување и спасување во водите надвор од Либија, а не да го ограничи“, вели Џудит Сандерленд од Хјуман рајтс воч.

Усвоениот закон ќе им овозможи на бродовите за спасување да влезат во либиски води, но само доколку постои опасност за губење на човечки живот.

Новите правила се последниот потег на Рим во обид да го стави под контрола приловот на бегалци во услови на зголемени анти-имигрантски чувства од страна на владата на премиерот Паоло Џентилони.

Повеќе од 86 илјади мигранти стигнале во Италија оваа година, што значи зголемување од 10 отсто за истиот период минатата година, според Меѓународната канцеларија за миграции. Мигрантите во центрите за притвор и привремените засолништа го достигнаа капацитетот на Италија, а тоа е 200 илјади бегалци. Но, бројот на мигранти во Италија е многу поголем, зашто илјадници луѓе ги напуштиле засолништата за да работат незаконски.

Претходно овој месец министерот за одбрана на Австрија, Ханс Питер Доскоцил, предупреди дека е подготвен да распореди војници на граничниот премин Бренер, одвојувајќи ја Австрија и Италија за запирање на мигрантите.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела изјави дека по состанокот со Џентилони и германската канцеларка Ангела Меркел, повеќето од оние кои патуваат во Италија се економски мигранти, а не воени бегалци и дека Франција не може да признае економски мигранти.

Италијанскиот амбасадор во Британија, Пасквале Терачиано, вели дека Италија има малку избор: „Ако нема солидарност од другите земји на ЕУ, ќе дојдеме до ситуација кога нашите пристаништа ќе бидат преоптоварени и ситуацијата ќе биде неодржлива.“
Соседите на Италија во ЕУ добија само 7,300 лица кои бараат азил, а кои пристигнале на италијанските пристаништа.

XS
SM
MD
LG