Според предвидувањата на една нова студија, во Јужна Кореа, животниот век кај жените е најдолг и изнесува 91 година. Ова ќе биде првиот во светски рамки со ваков просек.
Кралскиот колеџ во Лондон како и Светската здравствена организација го анализирале животниот век од вкупно 35 индустриски развиени земји. Според студијата, животниот век ќе биде подолг во 2030-та, додека јазот кој постои помеѓу мажите и жените, полека ќе се затвора.
Научниците во минатото мислеа дека животниот век над 90 години е невозможен, но со новите медицински достигнувања, комбинирани со социјалните програми, продолжуваат да ги рушат бариерите, вклучително и во земјите каде луѓето имаа вообичаено долг век на живот, вели водечкиот истражувач на оваа студија од Кралскиот колеџ во Лондон, Маид Езати.
„Можам да замислам дека постои граница за тоа, но ние сме се уште далеку од неа,“ вели тој. Според проценките на Езати, луѓето би можеле да достигнат старост од 110 или 120 години.
Додека мажите и жените во Јужна Кореа се лидери во оваа студија, Американците продолжуваат со намалувањето на животниот век тренд меѓу високо развиените земји.
Жените во сите земји се наоѓаат пред мажите. Зад Јужна Кореа, жените од Франција, Јапонија, Шпанија и Швајцарија се предвидува да живеат околу 88 години. За мажите во Јужна Кореа, животниот век се очекува да биде 84. Исто или еднакво на оваа граница уште се и: Австралија, Швајцарија, Канада и Холандија.
На дното на листата се: Македонија за жените со животен век околу 78, Србија за мажите околу 73 години.
Студијата покажува дека жителите на САД за кои веќе има намалување на животниот век, оваа бројка ќе продолжи да паѓа и во 2030-тата година, за која се проценува дека животниот век ќе се движи помеѓу 80 и 83 години, исто како и во Мексико и Хрватска. Оваа ниска стапка на животен век во САД се должи пред се` на недостигот од универзална здравствена заштита, високата смртност кај мајките и децата, убиствата, како и високата стапка на прекумерната дебелина кај населението.