Линкови за пристапност

Десет општини и УСАИД ќе се борат против климатските промени


Проектот вреден 2,8 милиони долари траеше четири години а во тој период беа изградени и реновани граднички, училишта, резеровари за вода и водоводи, канализации

Скопје - Нов резервоар за вода во Богданци, реновирани резервоари за вода во Пехчево и Студеничани, нова атмосферска канализација во Делчево, реконструкција на старите градски извори во Прилеп, енергетски ефикасни градинки, училишта, јавни згради и улично освелтување во Богданци, Пехчево, Маврово и Кривогаштани се само дел од реализациите во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени во кој во изминатите четири години беа инвестирани вкупно 2,8 милиони долари. Партнери на проектот на УСАИД беа десет општини во Македонија - Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово Ростуше, Боговиње, Студеничани, Виница, Прилеп и Делчево.

Денеска во Скопје се одржа третата меѓународна конференција за климатски промени организирана во рамките на проектот на УСАИД на која во наредните два дена ќе учествуваат 150 домашни и меѓународни експерти, граѓански организации од земјата и регионот, научници и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој како и претставници од приватниот сектор.

Пред присутните се обрати директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн кој порача дека сега треба да се гради врз темелите кои ги постави овој проект.

„ Главна цел на проектот беше да се зголеми отпорноста на локалните заедници и да се зајакне нивниот капацитет за да можат да одговорат на предизвиците како поплави, ерозија и управување со водните ресурси. Работевме на зајакнување на капацитетите на десет македонски општини со припема на пристапот „Зелен Агенда. Оваа конференција одбележува клучен момент за УСАИД и нашите партнери и ни дава можност да погледнеме наназад на заеднички постигнатиот напредок во изминативе четири години во справувањето со локалните предизвици на климатски промени со кои е соочена Македонија “ рече Стајн.

Проектот имаше про-активен пристап во прилагодувањето кон климатските промени и даваше приоритет на стратегиите базирани на локални потреби. Во него се работеше заедно со локалните власти, граѓаните и граѓанските здруженија на изработка на ефикасни, локално создадени и во локална сопственост стратегии за намалување на јаглеродните емисии и унапредување на адаптацијата. Имплементирани се вкупно седумнаесет капитални мерки, во десетте партнер општини, кои ќе им помогнат на најранливите жители да ја зголемат отпорноста кон климатските промени.

Мисијата на УСАИД е пристуна во Македонија од 1993 година и оттогаш има инвестирано над 613 милиони долари во стотици проекти. Приоритет на мисијата е подобрување на квалитетот на живот и транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија, создавање на работни места и намалување на корупцијата.

XS
SM
MD
LG