Линкови за пристапност

УСАИД со поддршка за шест судски институции во Македонија


USAID logo
USAID logo

Шест судски институции добија сертификати за стандардот за квалитет ИСО 9001:2015 во рамки на поддршката на Програмата на УСАИД за подобрување на работењетона организациите. Судскиот совет на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија и четирите апелациони судови во Скопје, Штип, Битола и Гостивар не само што се првите судски институции сертифицирани за овој стандард за управување со квалитет, туку се и првите јавни институции во земјата кои се сертифицирани за најновата верзија на овој стандард.

Воведувањето на ИСО стандардот се спроведе во текот на 2015 и 2016 година а процесот вклучипрвични подготовки и проверки на севкупната документација, развивање политика за квалитет и прирачник за квалитет, мапирање на контекстот на организацијата, системските и оперативните процеси и процедури, анализа на ризици и развојна клучни показатели на успехот и подготовка и сертификација на интерни проверувачи и спроведување интерна проверка.

Директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн во своето обраќање потенцираше дека овој процес треба да се имплемeнтира во сите судови во Македонија.

„Во изминатите 25 години, УСАИД и помогна на Македонија во воспоставувањето ефикасен и транспарентен судски систем и работеше на зајакнување на капацитетите на судовите за поефективна и поконзистентна примена на судските политики и практики. Во рамки на Програмата за подобрување на работењето на организациите, УСАИД им помогна на судските институции во поефективно спроведување на процесите на набавки, а со тоа и во исполнување на нивните законски обврски за воведување системи за управување со квалитет. Овој процес е целосно применлив и во другите судови и треба да биде имплементиран на национално ниво“, рече Стајн.

Претседателот на Судскиот совет пак, Зоран Караџовски, додаде дека овој процес не би бил возможен без поддршката на УСАИД.

Програмата на УСАИД има за цел да го подобри работењето на одредени институции кои се сметаат клучни за развојот на земјата и за целите на Мисијата на УСАИД во Македонија. Во текот на програмата беа спроведени интервенции за подобрување на работењето во следните седум организации: Секретаријатот за Европски прашања, Инспекцискиот совет на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Стручната служба на Судскиот буџетски совет, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Фондацијата Чекор по чекор и Центарот за стратегиски истражувања и документација – Форум.

XS
SM
MD
LG