Линкови за пристапност

Претседателката на Јужна Кореја под култно влијание?


Парк Геун - хје негира дека близок круг на соработници врз неа имал некој вид религиозно влијание

Јужно корејската претседателка Парк Геун-хје во обраќање се извини во нејзиното второто обраќање до нацијата, во обид да го намали притисокот врз нејзе по корупцискиот скандал кој ја погоди нејзината администрација.

„Чувствувам длабоко жалење и извинување за граѓаните на Кореја, кои ми ја дадоа довербата за претседателската функција,“ кажа таа.

Истрагата за мулти-милионската шема за влијание врз владата, наводно организиран од долгогодишниот пријател Чои Сун-сил го разниша нејзиниот политичкиот имиџ на лидер отпорен на корупција, принудувајќи нејзини високо соработници да се соочат со криминални обвиненија, и ја истави изолирана и без вистинска моќ.

Силна контрола

Чои се обвинува дека создала „култно“ влијание врз Парк и контрола врз незините соработници, иако таа нема официјална владина улога. Чои исто така е предмет на истрага за користење на нејзината лична врска со претседателката за да ги натера големите корпорации да донираат 68 милиони долари на две спортски фондации, а потоа да ги пренасочи тие пари до нејзините приватни бизниси.

Наводно, Самсунг префрлил три милиони долари директно до германска спортска компанија основана од Чои и нејзината ќерка.

Минатата недела, кога скандалот постана јавен, Парк издаде извинување, но не даде објаснување за нејзината врска со Чои, освен што кажа дека нејзината пријателка и помагала „со тешкотиите во минатото.“

Во петокот Парк кажа дека се обидела да избегне секаков конфликт на интерес во нејзината администрација, дури дистанцирајќи се себеси од семејството, но додаде дека погрешно ја ставила нејзината доверба Чои, која го искористила нејзиното пријателство за лично богатење, и во блиски соработници кои исто така можеби биле впуштени во илегални активности без нејзино знаење и одобрение.

Таа исто така ги отфрли сензационалистичките наводи дека таа била вклучена во култни - шаманистички ритуали со семејството на Чои.

Врската на Парк со Чои започнала во 1970-те година, во време кога нејзиниот татко, Парк Чунг-хи владееше со Јужна Кореја за 18 години, откако ја превзема власта со државен удар.

Таткото на Чои, Чои Ти-мин е религиозен лидер кој ја основал сектата наречена „Внатрешен живот на црквата, и постанал ментор на Парк кога таа била прва дама, откако загина нејзината мајка во обид за атентат врз нејзиниот татко.

Во извештај од 2007-та испратен од стана на американската амбасада во Сеул, а подоцна објавен од Викиликс стои дека таткото на Чои има „целосна контрола врз телото и душата“ на Парк.

Опозицијата

Парк ги повика законодавците да не дозволат реакциите по скандалот да ја парализира владата во време кога нуклеарната закана од Северна Кореја расте, а економијата ослабува.

Сепак, Чу Ми-ае лидер на Демократската партија на Кореја, во говорот беше критичен кон претседателката, велејќи дека е потребено повеќе од извинување.

Опозиционите партии кои го држат мнозинството во Народното собрание сакаат независна истрага, која нема да дава извештаи до Министерството за правда, кое е под контрола на претседателот.

Истрага

Централниот суд на Сеул издаде судски налог за апсење на Чои, кое ќе им овозможи на властите да го продолжат притворот до максимални 20 дена, пред формално да го објават обвинението против неа.

Истражителите во четвртокот ја уапсија Јеонг Хо-сеонг, поранешна секретарка задолжена за приватни прашања на претседателката, за наводноно протекување на класифицирани и тајни информации за Чои.

XS
SM
MD
LG