Научниците Жан-Пјер Суваж, Фрејзер Стодарт и Бернард Феринга ја добија Нобеловата награда за развој на молекуларните машини.
Лауреатите дизајнирале и направиле молекуларни машини кои се 1000 пати помали од влакно коса и имаат делови кои се движат кога е додадена енергија.
Машините чии движење можат да се контролираат и може да се користат за извршување задачи на нано - метарско ниво, и можат да доведат до развој на нови материјали и системи за складирање на енергија.
„Молекуларниот мотор е на исто ниво на развојот како и електричниот мотор во 1830-те, кога научниците изложиле различни коленести оски и тркала, и не биле свесни дека тоа ќе доведе до развој на електрични возови, машини за алишта, фенови и процесори за храна“ велат од Кралската aкадемија на науките на Шведска
Суваж е почесен професор на Универзитетот во Стразбур, Франција. Тој започнал да работи на молекуларната машина во 1983-та, кога започнал со успех да ги спојува две прстенести молекули со помош на механичка врска. Со тоа за прв пат хемичарите беа во можност да манипулираат молекули на таков начин.
Стодарт е професор по хемија на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД и во 1991-та развил начин како од молекуларен прстен да направи молекуларна оска.
Феринга е професор по органска хемија на Универзитетот Гронинген во Холандија, и во 1999-та успеал да развие молекуларен мотор кој користи молекуларен ротор и може да се движи постојано во ист правец.
Тројцата научници за нивната работа ќе ја поделат наградата од 931.000 долари.