Линкови за пристапност

Прва официјална изјава од ОН за насилство врз ЛГБТ заедницата


На ваквото соопштение за терористичкиот напад во Орландо, Флорида, имало отпор само од Русија и Египет

За прв пат, Советот за безбедност на Обединетите нации искористи терминологија во официјален документ со кој се признава насилството насочено кон ЛГБТ заедницата.

Во соопштението објавено од Советот вчера стои дека „Членовите на Советот за безбедност со најсилни зборови го осудуваат терористичкиот напад во Орландо, Флорида извршен на 12 јуни, 2016-та година, во кој цел на нападот беа луѓе заради нивната полова ориентација, во кој загинаа 49 лица, и 53 беа ранети.“

Но употребата на оваа терминологија наишла на отпор од Русија и Египет, две од повеќето од 70-те земји каде ЛГБТ статусот се` уште е криминализиран.

„Важно е, тоа е мала но важна промена“ рече пред новинарите американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер, по бдеењето и оддавањето почит за жртвите во клубот Стоунвал ин, местото каде многумина веруваат дека започнала модерната борбата за правата на ЛГБТ популацијата во САД.

„Ние се обидуваме да ги промовираме правата на ЛГБТ заедницата –за прв пат го поднесовме прашањето за нападите против припадниците на ЛГБТ од страна на ИСИЛ пред Советот за безбедност, но се соочивме со голем отпор“ кажа таа.

Други тела на ОН го признале кршењето на човековите права и постоењето на насилство базирано на половата ориентација и родовиот идентитет, започнувајќи со Советот за човекови права во 2011-та година.

Првата резолуција усвоена од УНХРЦ од јуни 2011-та искажа „сериозна загриженост за чиновите на насилство и дискриминација, во сите светски региони, извршени против лица заради нивната полова ориентација и родов идентитет.“

Резолуцијата повика на истражување на документите, дискриминаторските закони, практики а акти на насилство засновани на половата ориентација и родов идентитет во светот.

Иако тоа беше важна резолуција на ОН, беше прифатена со 23 наспроти 19 во кој Русија и сите муслимански нации гласаа против одлуката. Кина се воздржа од гласање.

XS
SM
MD
LG