Линкови за пристапност

Обама: светските лидери загрижени за Трамп


Тој самиот искажа критицизам кон можниот републикански кандидат.

Зборувајќи пред новинарите во крајбрежниот јапонскиот град Исе Шима, по првиот ден на годишниот самит на седумте најбогати земји во светот, претседателот кажа дека светот посветува големо внимание на прашањето, бидејќи „САД се срцето на меѓународниот поредок.“

Трамп доминираше во трката за републиканска претседателска номинација со неговите контроверзни изјави за латино - американските имигранти и муслиманите. Тој, исто така, повика на повлекување на американски сили од Јапонија и Јужна Кореја и вооружување на овие земји со нуклеарно оружје, за да можат да се спротивстават на заканата од Северна Кореја.

Обама вели дека неговите колеги „не се сигурни колку сериозно да земат некои од изјавите на Трамп “кој покажал непознавање на светските проблеми.“

Претседателот на САД вели дека тој и другите лидери на првиот ден на средбата Г-7 дискутирале за предизвиците со кои се соочува глобалната економија, како и начини за „одржување на динамиката на закрепнување што постои во САД.“

XS
SM
MD
LG