Линкови за пристапност

Финансиско описменување на децата


Оваа екскурзија може да се нарече „Покажи ми ги парите.“ Група од средношколци излегуваат во реалниот свет, да научат лекција од реалниот живот. Тие се во посета на „Џеј-Еј финансискиот парк“ во близина на Вашингтон. Објектот е дизајниран како трговски центар.

„Ние посетата на студентите ја правиме забавна и интерактивна“, вели Ед Гарниер, претседател и извршен директор на паркот во Вашингтон.

„Почнуваме со теоретска настава за студентите од околу 14 часа: за финансиските институции, како тие функционираат, што е готовинска картичка, што е кредитна картичка, предаваме за различните видови на даноци. Ги учиме што е буџет и што се различните буџетски стапки.“

Oдговорностa на возрасните

Гарниер вели дека програмата е насочена кон средношколците бидејќи кај децата тоа е возраста кога навиките за трошење почнуваат да се формираат.

На ова патување студентите учат за возрасните и тие ќе глумат возрасни цел ден.

„Им даваме животна ситуација во која тие се на 42 годишна возраст, во брак, имаат 3 деца, заработуваат одредена сума пари, и треба да го поминат денот со месечниот буџет кој им е зададен“, објаснува тој. „Постојат голем број на моменти на сознание, тоа можам слободно да ви го кажам. Тие учат дека ако имаат две деца, им треба поголем автомобил од оној со 2 врати. Им треба поголема куќа. Најголемата придобивка за нашите студентите е да го разберат трошењето и штедењето сериозно, а ние тоа го правиме за забавен и вклучителен начин.

На четиринаесет годишната Паола Вентура и е дадена „животна ситуација“, каде што таа е 34 годишна самохрана мајка на две деца. Таа треба да го планира буџетот кој ги покрива сите семејни потреби. Таа се соочува со голем број на изненадувања.

„Износот на парите што треба да се потрошат на работи како грижа за децата и осигурување. Имав идеја дека ќе биде тешко, но јас никогаш не сфаќав низ што се поминува мајка ми кога ги троши парите. Никогаш не го забележував тоа.“

Програмите на „Џеј-Еј финансискиот парк“ не се само за студентите во САД, туку тие се присутни и во светски рамки.

„Имаме четири и пол милиони студенти во Америка“, вели Гарниер. „Но имаме речиси 10 милиони низ целиот свет кои ги учиме на финансиска писменост.“

Пари и само пари

Оваа програма функционира преку партнерство со финансиската институција „Capitol One.“ Портпаролот Рајан Смарт ги објаснува причините за оваа соработка.

„Ние веруваме дека финансиската писменост е важна исто како читањето, пишувањето и математиката, како еден од основните образовни компоненти кои студентите треба да ги поседуваат со цел да бидат успешни во иднината."

Смарт вели дека вработените во институцијата работат како инструктори.

„Во нашето десет годишно партнерство со „Џеј-Еј“ имавме околу 10.000 соработници кои волонтираа на локации низ целата земја. Тоа исто така им овозможи да бидат ментори на средношколците, и да им обезбедат основни вештини кои ќе им требаат за иднината.“

Четиринаесет годишниот Мохамед Абас вели дека учеството во програмата е ново откровение. Научил дека плаќањето на сметките и водењето на буџет е потешко отколку што изгледа. Тој вели дека е среќен што ги научил овие лекции пред отпочнување на летна работа за неколку месеци.

Секогаш подобро да се трошат помалку пари отколку што се заработуваат. Тоа е лекцијата на организаторите на програмата кои се надеваат дека овие деца ќе се сеќаваат во текот на целиот живот.

XS
SM
MD
LG