Линкови за пристапност

Бизарен случај на протекување на американска тајна воена технологија


Американските власти се обидуваат да дознаат како деактивирана ракета „Хелфајар“ користена во мисија за обука во Европа завршила во Куба.

„Вол стрит џурнал“ објави дека американските власти повеќе од една година се обидуваат да ја убедат кубанската влада да ги врати софистицираните проектили, за кои велат дека во 2014 година погрешно биле испратени од Европа во Куба.

Властите велат дека проектилите биле испратен од страна на произведувачот „Локхид Мартин“ во Шпанија каде што биле употребени во воена вежба на НАТО. Пратката требало да стаса назад во Флорида, но исчезнала откако била испратена по заобиколен пат низ Европа.

Пред властите да забележат дека ракетите се исчезнати, тие веќе биле на пат од Париз до Хавана, на лет на компанијата Ер Франс.

Во весникот се вели дека федералните истражители се обидуваат да дознаат дали исчезнувањето е дело на шпиони, криминалци, или едноставно резултат на серија грешки.

Зборувајќи за Асошиетед прес, американски официјален претставник грешката ја припишува на превозниците на „Локхид Мартин“.

Ракетите не содржеле експлозив, но имале сензори и тајна технологија за насочување кон цели за која официјалните лица стравуваат дека би можела да биде откриена.

Постои загриженост и дека Куба споделува технологија со владите на другите земји, како што е Северна Кореја на пример.

XS
SM
MD
LG