Линкови за пристапност

Зголемени безбедносни мерки на летовите од Египет


КЛМ Ројал Дач ерлајнс соопшти дека ќе бидат дозволени само рачни торби на летовите од Каиро до Амстердам. Не кажаа колку долго оваа одлука ќе биде во сила, но истакнаа дека овој потег се воведува „врз основа на национални и меѓународни информации, и од претпазливост“.

Трансавиа, нискобуџетска авиокомпанија во сопственост на КЛМ и Ер Франс, објави дека ја следи одлуката на холандската авиокомпанија, велејќи дека „туристите може да понесат само рачен багаж“ на заминување од Египет.

Вчера американскиот претседател Барак Обама изјави дека „постои можност" експлозија да го уништила рускиот патнички авион, кој се урна на Синајскиот Полуостров, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG