Линкови за пристапност

Пад на акциите на Таката


Произведувачот на воздушни перничиња, Таката, се соочува со нови проблеми. Акциите на контроверзниот јапонски снабдувач на автоделови паднаа откако американските регулатори на компанијата и наложија да плати огромна парична казна, и по падот на нарачките од најголемиот клиент поради скандалот со неисправни воздушни перничиња.

Акциите на компанијата се намалија за речиси 20 проценти во попладневните часови на тргувањето на берзата Никеи откако Хонда моторс објави дека нема повеќе да купува перничиња од Таката и да ги инсталира во нејзините модели. Одлуката на Хонда се случи неколку часа откако Американската агенција за безбедност во патниот сообраќај изрече рекордни 200 милиони долари казна на Таката што не ги известила јавноста и владата за проблемот.

XS
SM
MD
LG