Осуда на затворска казна е тоа што се случува на новинари во десет држави во светот според извештајот на Комитетот за заштита на новинари.
Кина има најголем број на осудени новинари – 44. Иран редовно ги заплашува новинарите и арбитражно ги приведува, за на таков начин да го замолчи дисидентството или да ги принуди критичарите да се иселат од земјата.
Само годинава, 200 новинари ширум светот се наоѓаат во затвор. Ова е опасно време да се известува, вели Кортни Радч од Комитетот:
„Изминатите три години беа најопасни за новинарите откако се водат податоците, со рекорден број убиства, приведувања, и според податоците на наша асистенција - повеќе од 400 новинари беа принудени да заминат во егзил изминатите пет години“, вели таа.
Цензурата на интернет е уште едно клучно оружје за замолчување на критиката. Во Северна Кореја, само политичката елита има пристап до Интернет. Во Куба, блогерите мора да ги постираат написите од странски амбасади или хотели за да добијат нецензурирана врска.
Во Кина, 642 милиони корисници на Интернет во Кина се блокирани во пристапот на интернет-страници и социјални медиуми.
„Цензурата е мошне моќна алатка. Врши рестрикција на протекот на информации. За да ја надминете, ви треба софистицирана техничка вештина и знаење како да си го зачувате безбеден вашиот поширок профил“, вели директорката на комитетот.
Движењето Арапска пролет доведе до уривање на режимот во Еритреја каде владата ги поништи плановите за мобилен интернет за жителите. Саудиска Арабија од тогаш усвои измени на закони кои забрануваат објавување материјали контрадикторни со Шаријатското право или кои го поткопуваат јавниот ред.
Државните медиуми честопати се единствен извор на информации во десет држави на листата. Комитетот вели дека извештајот им овозможува на новинарите и жителите во овие држави да знаат дека светот гледа и дека се грижи за тоа што таму се случува.
Освен Кина, Еритреја, Северна Кореја, Саудиска Арабија и Иран, организацијата ги вклучува и Етиопија, Азејбејџан, Виетнам, Бурма и Куба на листата на десет држави со најголема цензура во светот.