Колку пати сте виделе порака на вашиот компјутер која ве предупредува дека интернет страницата што сакате да ја посетите може да биде закана за вашата безбедност?
Тројца истражувачи од Универзитетот Бригам Јанг, во Јута, сакале подлабоко да истражат во психологијата на луѓето кои ги игнорираат овие пораки – што се поголемиот дел меѓу нас, и тоа многу често.
Неврологот Брок Кирван вели:
„Најслабиот дел од безбедносниот синџир се самите корисници. Вашиот компјутер е прилично безбеден. Но, ако можете да ги натерате луѓето да се ангажираат во небезбедно компјутерско однесување, да ги натерате да отворат додаток на електронската порака или слично, многу е лесно да добијат пристап до вашиот компјутер. Така, знаењето кој ќе се ангажира во вакво ризично однесување, може да ви помогне да дизајнирате системи кои ќе ги заобиколат овие работи“.
Истражувачите дизајнирале експеримент што инволвира група студенти кои ги користеле своите лаптоп компјутери.
Студентите играле игра во која од нив било побарано да идентификуваат дали сликите на суперхеројот Бетмен биле анимирани или фотографирани.
За време на експериментот, предупредувачки знаци се појавувале од време на време на нивните екрани сугерирајќи дека има злонамерен софтвер на сајтот на Бетмен.
Ако студентите игнорирале доволно предупредувања, се појавувала порака од „алжирски хакер“ со череп што се смее и прекрстени коски, и одбројување од неколку секунди, со зборовите „Кажи му збогум на твојот компјутер“.
Ентони Ванс е професор за информатички системи:
„Заради тајмерот што одбројува, тие имаат неколку секунди да донесат одлука. Некои го извлекле кабелот од ѕид, други го затвориле веднаш компјутерот. Тие дефинитивно беа загрижени за датата“.
За среќа, ниедна од хакерските пораки не била вистинска. Но однесувањето на студентите, со игнорирање на пораките, било контрадикторно на нивното претходно тврдење дека се грижат за безбедноста на компјутерот.
Повторителното гледање на безбедносните предупредувања предизвикале субјектот да почне да ги игнорира, нешто што се вика „хабитуација“, според Ванс.
„Ако корисниците само ги отфрлаат предупредувањата без размислување, тоа е голем проблем. Ние гледаме како тоа да го промениме. Како да ги држиме предупредувањата свежи, за мозокот да се ангажира кога ќе ги види“.
Наоѓањата се публикувани во Журналот на асоцијацијата за информатички системи. Истражителите од овој универзитет велат дека произведувачите на компјутери во Силиконската долина се заинтересирани за нивната работа.
Тие планираат идни експерименти користејќи високотехнолошко снимање на мозокот, наречено МРИ, и следење на движењето на глувчето на компјутерот, да предвидат како ние одговараме на компјутерската безбедност.