Линкови за пристапност

Њујорк тајмс: над 600 американски воени ветерани изожени на хемиски агенси во Ирак


Секретарот за одбрана Хегел наводно дознал за ова за време на внатрешна контрола

Весникот Њујорк тајмс објави напис дека 600 ветерани од Војната во Ирак тврдат дека уште од 2003-та биле изложени на хемиско оружје и дека Пентагон не сторил речиси ништо во врска со тоа.

Во денешното издание, весникот наведува дека секретарот за одбрана Чак Хегел дознал за ова за време на внатрешна контрола на прашалниците што војниците ги пополниле на крајот на нивниот ангажман во Ирак. Вкупно 629 од нив пријавиле дека биле изложени на штетни хемиски агенси во Ирак, меѓу што и на бојниот отров иперит. Според Њујорк тајмс, можно е на отровите да биле изложени и странските војници во коалиционите сили, договорните соработници, како и ирачките сили и цивили.

Весникот тврди дека претставници на Пентагон потфрлиле бидејќи не го увиделе големиот број на засегнати војници и потребата од адекватен лекарски третман. Засега не е јасно зошто Пентагон не реагирал, но американскиот владин Оддел за одбрана наведува дека ќе ги контактира ветераните коишто пријавиле изложеност на хемиски агенси.

XS
SM
MD
LG