Линкови за пристапност

Северна Кореја вели нема да разговара со САД


Како причина наведува „обиди на Вашингтон за соборување на комунистичката влада“

Северна Кореја се откажа од разговорите за нуклеарната програма или за човековите права со САД заради, како што вели, вашингтонските обиди за соборување на комунистичката влада.

Изјавата од вторникот очигледно се однесува на префрлањето на Пјонгјанг пред Меѓународниот кривичен суд со резолуција на ОН заради непочитувањето на човековите прав, според неодамнешниот извештај на Светската организација, каде се посочува на криминал против човештвото од страна на режимот.

Јапонија и Европската унија планираат наскоро да ја претстават необврзувачката резолуција пред Генералното собрание. САД силно го поддржуваат напорот.

Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи ги обвини САД за „водење политика за соборување на државниот и социјалниот систем“, на Пјонгјанг користејќи ги како изговор човековите права.

Портпаролот кажа дека ова се однесува на спогодбата од 2005-та според која САД и Северна Кореја се согласиле да „го почитуваат суверенитетот и правото на мирољубива коегзистенција на другиот“.

Официјалното лице кажа дека американските акции го поништиле договорот, додавајќи дека идејата за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров сега станала „тотално бесмислена“.

Според договорот од 2005 Северот исто така се согласил да ја напушти својата програма за нуклеарно оружје. Тој подоцна ја рестартираше програмата и ги напушти шестстраните разговори по прашањето во 2009.

Претставници на Северна Кореја изразија волја за рестартирање на разговорите, но САД инсистираат дека тоа не може да се случи доколку Северот прво не преземе чекори со кои ќе покаже волја за денуклеаризација.

XS
SM
MD
LG