Американската армија вели дека ирачката армија за „неколку месеци“ ќе може да почне голема офанзива за враќање на територијата заземена од групата Исламска држава.
Борците на ирачката курдска паравојска позната како пешмерга се подготвуваат да заминат за сириско-турската граница за одбрана на градот Кобани против борците на Исламската држава, но според претставници на американската Централна команда, за одржлива копнена офанзива во Ирак ќе треба повеќе време.