Линкови за пристапност

Мошне блиска средба


45-метарски астероид денес мина покрај Земјата осумпати побрзо од куршум.

45-метарски астероид денес мина мошне близу до Земјата - настан што претставува најблиско забележано минување досега на вселенски објект со ваква големина.

Означен како 2012 ДА14, астероидот е со проценета тежина од 130.000 тони и спаѓа во категоријата на мали астероиди. Мина на само 28.000 киломтри од Земјата (околу една десетина од растојанието меѓу Земјата и Месечината), што значи дека беше поблиску од дел од сателитите во орбитата.

​2012 ДА14 мина покрај Земјата осумпати побрзо од куршум од пушка. Можеше да се види во делови од Источна Европа, Северна Африка, Азија и
Приказ на астероидот 2012 ДА14 од опсерваторија во Австралија
Приказ на астероидот 2012 ДА14 од опсерваторија во Австралија
Австралија, со помош на двоглед или телескоп.

Американската вселенска агенција НАСА неделава соопшти дена не постои закана астероидот да удри во Земјата.

„Не постои никаква опасност за нашата планета“, изјави за Гласот на Америка Линдли Џонсон од Програмата на НАСА за надгледување на објекти кои минуваат блиску до Земјата.

„Минувањето на астероиди близу Земјата е честа појава“, вели Џонсон, додавајќи дека само минатата година, преку 20 патот ги однел меѓу Земјата и Месечината. Но, вообичаено тие се многу мали, најчесто по неколку метри.

НАСА проценува дека околу 100.000 објекти од оваа големина се наоѓаат во непосредна близина на Земјата. Во просек, еден од нив минува доволно близу секои 40 години, а се судира со Земјата секои 1.200 години.

Во 1908-ма, нешто помал астероид се урна во Сибир. Експлозијата срамни дрвја на површина од над 2.000 километри квадратни.

Минувањето на астероидите близу Земјата претставува извонредна можност за научниците.

„Покрај испраќање на летало во близина на астероидот, ова е другата извонредна можност да го испитаме телото и да дознаеме што е можно повеќе за него“, вели Џонсон од НАСА.

НАСА планира да лансира вселенско летало во 2016-та кое ќе истражува нов астероид и ќе донесе примерок од него.

Агенцијата предвидува дека следната блиска средба на 2012 ДА14 со земјата ќе биде во 2046-та.
XS
SM
MD
LG