Линкови за пристапност

Сензори од следната генерација кои преземаат претходно невозможни мерења


Сензори од следната генерација кои преземаат претходно невозможни мерења
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Истражувачите во Калифорнија развиваат високо чувствителни сензори за побрзо откривање на промените во животната средина. Гениа Дулот ја има сторијата.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес развиваат квантни сензори од следната генерација за кои професорката Принеха Наранг вели дека ќе ја подобрат прецизноста на мерењето на она што се случува во нашиот воздух или вода.

„Некои работи можат да бидат рани знаци за поголеми проблеми и за тоа се работи. Да се донесат одлуки здравјето на луѓето што ќе бидат во корелација со промените во квалитетот на воздухот“, вели Принеха Наранг, истражувачка на Универзитетот Калифорнија.

Истражувачот од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, Серџио Карбахо, фокусира два ултра прецизни ласерски зраци на молекула, „читајќи“ ги нејзините квантни карактеристики или неговиот уникатен потпис или отпечаток од прст, како што тој го нарекува, со ознака за време и локација.

„Собирате стотици илјади од тие што се достапни и тогаш можете да започнете да изведувате не само индивидуалните информации туку и сумарните информации кои се испреплетени за да можете да ги видите поврзаните настани”, вели истражувачот на Универзитетот Калифорнија, Серџио Карабахо.

Поради квантното заплеткување, феномен кога еден фотон „знае“ за постоењето на друг, овие сензори ќе можат да измерат нешто што е километри подалеку.

Кога смогот од канадските пожари се спушти во Њујорк минатото лето, истражувачите велат дека сензорите можеле да предвидат во кои области на градот го има и колку долго ќе остане чадот - дури и до одредени загадувачи.

Научникот Денис Ким вели дека тоа е само почеток.

„Една од работите што можеме да ги направиме со сензорите е да откриеме промени во магнетните полиња. На пример, кога сте во држава каде што има земјотреси, може да имате поголема чувствителност. Ние можеме да предвидиме земјотреси пред да се случат“, смета Денис Ким, истражувач на Универзитетот Калифорнија.

Во следните десет години, истражувачите очекуваат дека овие сензори ќе најдат уште поширока примена во науката за климата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG