Линкови за пристапност

Унгарија го засилува ширењето на конзервативната политика


Унгарија го засилува ширењето на конзервативната политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Поранешниот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови десничарскиот сојуз со Унгарецот Виктор Орбан доколку победи на изборите во ноември. Аналитичарите велат дека Орбан бара глобално конзервативно движење. Хенри Риџвел.

Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците долго време беше моќна сила во десничарската американска политика. Сега се рашири преку Атлантикот - бидејќи, трета година по ред, Унгарија е домаќин на Конференцијата за конзервативна политичка акција на Европа.

Домаќинот и главен говорник, унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека конзервативците имаат шанса да ја преземат власта во голема изборна година.

„Направете ја Америка повторно важна, направете ја Европа повторно важна! Напред Доналд Трамп, напред европски суверенисти!”, порача Орбан.

Орбан тврдеше без докази дека либералните сили се обидуваат да ја замолчат политичката десница.

„Тоа го прават со конзервативците во прогресивните либерални европски метрополи. Истото се случува и во САД кога со судски пресуди сакаат да го тргнат од гласачкото ливче поранешниот претседател Доналд Трамп”, истакна Орбан.

Во снименото обраќање на конференцијата, Трамп рече дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан.

„Сè додека останеме обединети во нашата визија, верни на нашите принципи и бестрашни за одбрана на нашите вредности, конзервативците ќе ја добијат битката да ја спасат нашата цивилизација од комунистите, марксистите и фашистите и да го вратат владеењето на конзервативизмот и здравиот разум во светот.”, рече Трамп во снименото обраќање.

Критичарите на Орбан го обвинуваат дека го надгледува назадувањето на демократијата во Унгарија.

„Орбан има амбиција да го промени дискурсот, така што тој не е само некој кој се грижи за останување на функцијата, туку сака да има влијание и врз идеолошката клима и мисли дека спонзорирајќи одредени пријателски партии, влади и интелектуални клубови и иницијативи, тој ќе се појави како лидер на ова конзервативно движење и тоа може да биде противтежа на фактот дека мејнстримот во Европа и во либералните демократии го мрази”, смета Золт Енједи, од Централно европскиот универзитет.

Исто така, на Конференцијата за политичко дејствување на Конзервативната партија зборуваше грузискиот премиер Иракли Кобахидзе - кој се соочува со антивладини протести дома.

„Тој во моментов се повеќе ја врти својата земја кон Русија, обидувајќи се на некој начин да и сврти грб на Европската унија, а интересно е дека е добредојден во клуб кој треба да се залага за интересот на Западот. Значи, можни се вакви стратешки сојузи, бидејќи сите зборуваат на јазикот на културните војни”, додава Енједи.

Додека десничарските партии се очекува да поминат добро на европските избори во јуни, партијата на Орбан Фидес се бори со економска криза заедно со серија политички скандали.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември. Анкетите укажуваат на тесна трка меѓу Трамп и актуелниот претседател Џо Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG