Линкови за пристапност

Хибридните и електричните возила блеснаа на Саемот за автомобили во Њујорк


Хибридните и електричните возила блеснаа на Саемот за автомобили во Њујорк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Меѓународниот автомобилски саем во Њујорк годинава започна на Менхетен кон крајот на март - и до 7 април посетителите ќе имаат можност да се восхитуваат на некои од најновите технологии за автомобили. Евгениј Маслов известува.

Над 100 учесници прикажаа повеќе од 700 возила на годишниот автомобилски саем во Њујорк. Оваа година хибридните и електричните возила заземаат централно место.
„Од нашите 29 возила во поставата, 19 од нив се електрични, хибридни или возила со водородни ќелии“, вели Џон Стенберг, претставник на Тојота.

„Субару ја има Солтера, во моментов тоа е нашето електрично возило кое доби некои промени за 2024 година, потоа го имаме нашиот нов модел на Субару Форестер за 2025 година, шеста генерација и целосно редизајниран. Ќе излезе подоцна оваа година“, посочи Кристин Бауер-Грос, претставничка на Субару.

Има и некои сосема нови модели како Нисан Кикс...

„Редизајниран од темел сега има погон на сите тркала, многу технологија и подвижен покрив. Одличен баланс на моќ и ефикасност“, вели Кејси Килмер, претставник на Нисан.

Има и старо-нови модели како што се електричната верзија на минибусот Фолксваген и Фолксваген Буба од 1949 година.

„Ова е 75-та година на Фолксваген и 75-годишнина од првото доаѓање на Буба во САД. Имаме многу за славење, и сакав да го истакнам фактот дека Ај Ди Баз е нов за американскиот пазар и целосно електричен автобус, што ќе го промовираме подоцна оваа година“, посочи Каролина Сантос Ред , претставничка на Фолксваген.

Оваа година, на саемот има и тест патека - и не е изненадувачки што привлекува внимание.

Концептите на нови модели и оваа година привлекуваат внимание, Џенесис со својата визија за луксузни електрични автомобили на иднината, футуристички Ролс Ројс, Ламбургини и Кија ЕВ9 – кој ги носи титулите и за Светски автомобил на годината за 2024 година и за Светско електрично возило за 2024 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG