Линкови за пристапност

Американската одбрана обучува лица за раководење со роеви дронови


Американската одбрана обучува лица за раководење со роеви дронови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Армијата на САД вели дека големите групи на дронови и копнени роботи можат да бидат управувани само од едно лице без дополнителен стрес кај операторот. Како што известува Џули Табо од Гласот на Америка, технологиите може да бидат корисни и за цивилна употреба.

Теренските експерименти во владиниот објект за обука покажуваат дека еден човек може да управува со рој од 100 или повеќе автономни дронови и копнени роботи без дополнителен стрес, според истражувачката агенција на американскииот Оддел за одбрана, позната по кратенката ДАРПА.

Командантот користи виртуелна реалност за распоредување и следење на возилата во симулирана средина.

Нивната мисија е да се движат низ урбаната средина избегнувајќи пречки и проводници на струја - за да собираат разузнавачки информации.

„Командантот во основа може да притисне едно копче за да даде инструкции на леталата, така што ројот летала може да излезе и да ги прави работите што треба да ги направи, како на пример да направи увид во зграда и да се обиде да идентификува информации што се релевантни за мисијата”, вели Џули А. Адамс од Државниот универзитет во Орегон.

Наодите покажуваат потенцијал за воена, но и за цивилна употреба како што е испраќање дронови при природни катастрофи.

„Сонот е да може да се направат хетерогени тимови од роботи и луѓе како на пример за гаснење пожари во тешко пристапни терени или при катастрофи со цел да се има вистинско влијание во општеството. Сакаме луѓето да можат да се фокусираат на задачата што само тие можат да ја завршат, но исто така да обезбедиме нашите одговорни лица се побезбедни со тоа што им даваме технологии да им помогнат да се справат со ситуациите во кои влегуваат”, додава Адамс.

Дроновите исто така може да се користат, а веќе и се користат, за побрзи испораки на пратки.

„Во моментов, регулативите на Федералната управа за воздухопловство ограничуваат колку возила може да надгледува едно лице при извршувањето на ваквите задачи, а во иднина би сакале да можеме да го зголемиме тој број. Резултатите што ги добивме со овој проект се првите објективни резултати кои покажуваат дека еден човек може да биде одговорен за многу голем број на беспилотни возила и тоа ќе помогне да се да се унапредат регулативите на Федералната управа за авијација што се однесуваат на компаниите кои користат дронови за испорака“, смета Адамс.

Програмата сè уште е во развој, но истражувачите велат дека нивните наоѓања може набрзо да бидат применливи во странство, како и во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG