Линкови за пристапност

Адвокатите на Гершкович ги повикаа ОН да помогнат тој да се ослободи


Зборувајќи пред работната група на ОН за неосновани притвори, адвокатите рекоа дека „погрешниот притвор на Гершкович ги крши неговите човекови права според меѓународното право“
Зборувајќи пред работната група на ОН за неосновани притвори, адвокатите рекоа дека „погрешниот притвор на Гершкович ги крши неговите човекови права според меѓународното право“

На Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) денес во Женева, правниот тим за затворениот американски новинар Иван Гершкович ги повика земјите-членки да му дадат приоритет на неговиот случај.

Зборувајќи пред работната група на ОН за неосновани притвори, адвокатите рекоа дека „погрешниот притвор на Гершкович ги крши неговите човекови права според меѓународното право“.

Изјавата доаѓа еден ден пред сослушувањето закажано во вторник во Москва за жалбата на Гершкович против продолжувањето на неговиот притвор.

Првичниот притвор на новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ требаше да истече на 29 мај, но оттогаш е продолжен до 30 ноември.

Пред тоа сослушување, американската амбасадорка во Русија го посети Гершкович во затворот минатиот петок, последната од ретки конзуларни посети откако тој беше приведен под обвинение за шпионажа во март.

XS
SM
MD
LG