Линкови за пристапност

Новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ досега е 100 дена во затвор


Американскиот новинар Иван Гершкович утре влегува во 100-тиот ден од притворот во Русија поради обвиненија за шпионажа.

Новинарот на „ Вол Стрит Џурнал“ беше уапсен на 29 март додека беше на задача во централниот руски град Екатеринбург.

Руските власти го обвинија за шпионирање.

Гершкович, „ Вол Стрит Џурнал“ и американската влада остро ги негираат обвиненијата за шпионажа.

Набљудувачите на медиумите велат дека неговото апсење означило ново ниско ниво во опаѓање на слободата на печатот во Русија за време на претседателот Владимир Путин.

„Притворот на Иван означи нова ескалација во војната на Путин против слободниот печат, проширувајќи ја неговата репресија надвор од домашните руски медиуми, кои веќе беа целосно угушени“, изјави за Гласот на Америка Клејтон Вајмерс, извршен директор на американската канцеларија на Репортери без граници.

„Сто дена затвор се 100 дена предолги за да се казни новинар затоа што едноставно се занимава со новинарство“, рече тој.

Првиот американски репортер обвинет за шпионажа во Русија од крајот на Студената војна Гершкович се соочува со 20 години во казнена колонија доколку биде осуден.

„Од витално значење е да се задржи приказната на Иван во центар, особено додека размислуваме за оваа тешка пресвртница“, се вели во соопштението на „Вол Стрит Џурнал“.

Кремљ во вторникот соопшти дека Москва и Вашингтон разговарале за можна размена на затвореници, очигледно повикувајќи се на американскиот новинар и Владимир Дунаев, руски државјанин во притвор во САД поради обвиненија за сајбер криминал.

„Рековме дека има одредени контакти на оваа тема, но не сакаме тие да се дискутираат во јавноста“, рече портпаролот Дмитриј Песков, без да именува ниту еден конкретен уапсен.

„Тие мора да се спроведат и да продолжат во целосна тишина“.

Песков додаде дека „законското право на конзуларни контакти мора да се обезбеди на двете страни“.

Како одговор на прашање во средата за потенцијална размена на затвореници, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече:

„За жал, немаме никакви вести да споделиме. Она што можам да кажам е дека Иван, заедно со Пол Вилан, кои и двајцата се неправедно приведени, како што знаете, треба да бидат дома. Тие треба да бидат дома со своите семејства. Едноставно немам што да споделам во овој момент“, рече таа.

XS
SM
MD
LG