Линкови за пристапност

Во тек се разговори со Русија за ослободување на новинарот на „Вол Стрит Џурнал“, вели Бајден


Сериозен сум за размена на затвореници, рече американскиот претседател
Сериозен сум за размена на затвореници, рече американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се водат разговори со Русија за ослободување на новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ Иван Гершкович, кој повеќе од 100 дена е задржан во московскиот затвор поради обвинение за шпионажа што тој го негира.

Кремљ претходно овој месец соопшти дека е отворен за уште една размена на затвореници со САД, што ќе го ослободи Гершкович, можеби во замена за Владимир Дунаев, Русин во притвор во САД поради обвинение за сајберкриминал.

Но, Москва рече дека преговорите мора да се водат во тајност.

Бајден, говорејќи на прес-конференција во Финска, јасно стави до знаење дека САД се заинтересирани.

„Сериозен сум за размена на затвореници“, рече американскиот претседател.

„И јас сум сериозен да сториме се` што можеме за да ги ослободиме Американците кои се незаконски држени во Русија или на кое било друго место за тоа прашање, и тој процес е во тек“.

Гершкович беше уапсен под обвинение за шпионажа додека бил на патување за известување.

Московскиот суд неодамна ја потврди пресудата со која ќе остане во притвор до 30 август.

Русија рече дека не може да дојде до размена додека не се решат обвиненијата против него, но не е одреден датум за судење.

XS
SM
MD
LG