Линкови за пристапност

Ако нема судска разрешница, проблемите нема да се решат со црната листа на САД


Ако нема судска разрешница, проблемите нема да се решат со црната листа на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Не треба да имаме илузија дека со ставањето на црната листа проблемите ќе се решат, бидејќи оваа борба e борба на нашите институции, вели Марко Трошановски, од Институтот за демократија. Автор: Мики Трајковски

Рамиз Мерко, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се само дел во низата актуелни и поранешни функционери, кои се најдоа на црната листа на САД. Но, тоа не е доволно. Потребно е процесирање на сите наводи на Стејт департментот од страна на јавното обвинителство и домашните судови вели Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење. Ова е дополнителен поттик во борбата против корупцијата, но не е доволен со оглед на досегашното искуство, како ваквите случаи се третираат, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Сега вистинското прашање е доколку тие располагаат со одредени докази кои укажуваат на вмешаност во корупција на голем број на лица од нашата држава, за очекување е и домашните органи да имаат пристап до таквите докази, да можат соодветно да ги процесираат ваквите случаи“, вели Дарко Аврамовски, директор на Коалцијата за правично судење.

„Не треба да имаме илузија дека со ставањето на Црната листа проблемите ќе се решат, бидејќи оваа борба е само наша, борба на нашите институции, интегритетот на тие институциите и личностите кои ги водат и доколку немаме судска разрешница, доколку немаме активни истраги против овие лица, секако дека најголема штета која може да се случи е удар по нивната репутација“, вели Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија.

Трошановски додава дека ако нема судска разрешница, тие ќе останат на своите функции и ќе продолжат да управуваат.

„Имаат моќ да управуваат со процеси во државата и ако претходно биле во недемократски и антикорупциски пракси ќе ги продолжат, ако органите на прогонот ги игнорираат овие укажувања од нашите американски партнери“, додава Трошановски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG