Линкови за пристапност

САД ја откажаа средбата со Русија посветена на Сирија


Приказ од аметерска снимка на која, како што се претпоставува, инспектор на ОН фотографира канистер во местото Моадамија, предградие на Дамаск.
Приказ од аметерска снимка на која, како што се претпоставува, инспектор на ОН фотографира канистер во местото Моадамија, предградие на Дамаск.

Американската влада се` уште размислува како да одговори на наводите дека сириските сили минатата недела употребиле хемиско оружје

САД ја одложија средбата со Русија закажана за оваа недела, а посветена на ситуацијата во Сирија, додека Вашингтон размислува како да одговори на наводите дека сириските сили минатата недела употребиле хемиско оружје.

Средбата што требаше да се одржи утре во Хаг беше замислена како најнов американско-руски обид да се најде политичко решение за кризата.

Виш претставник на Стејт департментот синоќа информираше дека одложувањето е во контекст на, како што ги нарече, тековните консултации како да се одговори на извештаите дека во Сирија било употребено хемиско оружје.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Генади Гатилов изрази жалење поради американската одлука.

Портпарол на Белата куќа вчера соопшти дека речиси и да нема сомневање дека сириската влада употребила хемиско оружје. Русија, пак, ги отфрла таквите наводи, велејќи дека западните земји немаат доказ дека бил извршен хемиски напад.
XS
SM
MD
LG