Линкови за пристапност

Кери: неспорно, во Сирија било употребено хемиско оружје


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Тоа е морална безобѕирност, не може да мине без последици, реагира американскиот државен секретар.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека неспорно, во Сирија било употребено хемиско оружје, како и дека тоа е морална безобѕирност.

Во изјавата дадена во Стејт департментот, Кери кажа дека претседателот Барак Обама верува дека мора да бидат повикани на одговорност оние кои употребиле така ужасно оружје, но не и што точно би можел да преземе првиот човек на САД.

Државниот секретар додаде дека употребата на хемиско оружје не може да мине без последици, како и дека мора да се стори нешто за да се обезбеди тоа никогаш повеќе да не се случи.

САД и други земји се под се` поголем притисок да сторат нешто во врска со двегодиниот сириски конфликт, особено откако се појавија наводите дека минатата недела бил извршен напад со отровен гас во близина на Дамаск, при што загинале стотици лица.
XS
SM
MD
LG