Линкови за пристапност

Грчкиот премиер работи на планот за реформи во „минута до дванаесет“


Судбината на најновото грчко барање ќе се знае по самитот на ЕУ во недела.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во четврток се среќава со претставници на министерството за финансии, еден ден откако задолжената држава побара од европските соседи нов тригодишен пакет помош.

Ципрас и неговите соработници работат на финализирање на планот за реформи пред петочниот рок. Премиерот го поврза своето барање за „моментално имплементирање " на даночните и пензиските реформи.

Кредиторите се очекува да донесат одлука по барањето за нова помош по самитот на 28-те членови на ЕУ во недела.

Ако не биде дадена помош, Атина најверојатно ќе треба да излезе од 19-члениот блок на држави со заедничка валута. Би станала прва држава што ја напушта еврозоната во нејзината 16-годишна историја.

Грција зеде повеќе од 300 милијарди долари помош до сега, за последниве пет години.

XS
SM
MD
LG