Линкови за пристапност

Исак се` уште покажува заби


Исак донесе ветришта, поројни дождови: поплавени домови во Луизијана

Исак донесе ветришта, поројни дождови: поплавени домови во Луизијана

Иако опадна од ураган во тропско невреме, и натаму носи опасност од поплави.

Метеоролозите предвидуваат тропското невреме Исак натамошно да ослабне и да стане тропска депресија додека продолжува да се движи над сојузната држава Луизијана.

Националниот центар за урагани измери дека ветриштата на Исак сега се со брзина од 95 километри на час. И покрај опаѓањето во силата, невремето би можело да донесе и до 63 сантиметри дожд во делови на Луизијана, Мисисипи и Араканзас. Натамошниот пат на Исак е долж среднозападниот дел на САД, каде дождот е неопходно потребен поради долгата суша.

Исак ги погоди Луизијана, Мисисипи и Алабама како ураган од прва, најслабата категорија на скалата до пет, но бавно движечкото невреме донесе силни ветришта и поројни дождови што предизвикаа поплави. Стотици жители на областа Плакаминс јужно од Њу Орлеанс беа затекнати од напливот што се прелеа над заштитините насипи. Властите и жителите поитаа да помогнат на соседите кои ја игнорираа наредбата за евакуација издадена непосредно пред доаѓањето на Исак.

Без оглед на ситуацијата во Плакаминс, стручњаците наведуваат дека сложениот систем на брани, канали и пумпи, изграден по ураганот Катрина, помогнал Њу Орлеанс да избегне голема штета.

700.000 лица останаа без електрична енергија кога Исак го доживеа својот врв. Властите велат дека ќе почнат со потрага по евентуални жртви и проценка на штетата откако ќе попуштат ветриштата и дождот.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба за Луизијана и Мисисипи, со што ги отвори вратите за помош од федералната влада за обете сојузни држави. Кога стана извесно дека Исак ќе го погоди американскиот брег на Мексиканскиот Залив, во регионот беа испратени екипи за помош во вонредни ситуации.
XS
SM
MD
LG