Линкови за пристапност

По повод Рамазан Бајрам: Оброци за жителите на Газа донираа македонски хуманитарци


По повод Рамазан Бајрам: Оброци за жителите на Газа донираа македонски хуманитарци
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Храната во рефус доаѓа од Турција до Египет, а од таму со камиони во Рафах на југот на Газа. Потоа се готви во импровизирани кујни и се дистрибуира на засолнетите во училиштата на Обединетите нации.

Во големи казани и во импровизирани услови, се приготвува ифтарски оброк од традиционално локално јадење за жителите на Газа. Со помош на донатори од Северна Македонија и дијаспората, невладината организација Легис, досега подели 3600 ифтари за овие луѓе. Но нивниот пат до жителите на Газа воопшто не е лесен. Овој Рамазан Бајрам, Газа го минува во војна.

„Да се организира и реализира една ваква хуманитарна акција под вакви тешки услови не е лесно. Храната во рефус доаѓа од Турција до Египет, а од таму со камиони во Рафах на југот на Газа. Потоа се готви во импровизирани кујни и се дистрибуира на засолнетите во училиштата на Обединетите нации“, вели Сабит Амит од „Легис“.

Персоналот кој ги готви и дистрибуира ифтарите е од Газа.

„Комуникацијата со нив се одвива отежнато бидејки немаат секогаш интернет. Условите во кои се реализираат ифтарите се максимално тешки и опасни. Имајки во предвид дека изгладнуваањето на населението во Газа е една од алатките на агресорот во војната, со овој чин се трудиме да превенираме дополнителни жртви од глад“, вели Јасмин Реџепи од „Легис“.

Но, она што ги мотивира велат од Легис е бројката на солидарни граѓани и нивните донации. Дополнително ќе поделат уште 4000 ифтари.

„Ова е пораката до цивилите во Газа од граѓаните на Македонија и дијаспората, дека не се сами, дека сите мислиме на нив, дека се во нашите молитви и нашите дела. Нашата кампања за Газа продолжува и понатаму. И после Рамазан и после Бајрам, се додека има потреба нашата сметка ќе биде отворена и ние ќе бидеме активни за да можеме да направиме позитивни промени на терен, додава Реџепи.

Војната во Газа досега однесе иљадници човечки жртви, меѓу кои и голем број на деца, а земјата секој ден се соочува со хуманитарна и здравствена катастрофа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG