Линкови за пристапност

Остри пораки против имиграцијата упатени од собир на европските конзервативци во Брисел


Остри пораки против имиграцијата упатени од собир на европските конзервативци во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Десничарски политичари, академици и активисти од цела Европа се собраа во Брисел на дводневната Национална конференција за конзервативизам за која организаторите велат дека има за цел „зачувување на националната држава во Европа“. Известува Хенри Риџвел. 

Најистакнатите фигури во европската десничарска политика се собраа на Националната конференција за конзервативизам во Брисел оваа недела. Меѓу нив се и Најџел Фараж, архитектот за излегувањето на Британија од Европската унија како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Нивна мета беа познатите непријатели – Европската унија и имиграцијата.

„Ако некој сака да се обиде да создаде мешано општество, засновано на христијани со муслиманска заедница како либерална работа и дека исходот ќе биде нешто добро – направете го тоа, нека биде ваша судбина, ваша иднина. Не нè принудувајте да го направиме и ние тоа“, рече Виктор Орба, унгарскиот премиер.

Орбан ја критикуваше поддршката од Западот за Украина во нејзината борба против руската агресија.

„Без добивање на пари и оружје од Европската унија и САД, Украина како држава би престанала да постои. Значи, таа повеќе не е суверена држава“, рече Орбан.

Орбан стана фигура на европската десница, вели аналитичарот Џорџиос Самарас.

„Тој е многу успешен во спроведувањето на авторитарна практика и авторитарен режим во својата земја. Верувам дека екстремната десница ширум Европа сега се обидува да ја искористи истата книга“, вели Самарас.

Конференцијата се преставува како состанок на истомислениците на конзервативци за зачувување на националната држава во Европа пред изборите за Европскиот парламент закажани во јуни.

„Ова е консолидација на различни манифести во едно“, смета Самарас.

Но, средбата за малку ќе беше прекината. Полицијата го блокираше пристапот до местото, откако градоначалникот на Брисел издаде наредба за затворање на конференцијата, поради загриженоста за јавната безбедност.

Вонредната судска одлука ја поништи наредбата на градоначалникот а, учесниците рекоа дека неговите постапки се пример за она што тие го нарекоа левичарска „култура на блокирање“.

„Можеме да видиме дека легално поставените мислења од луѓе кои ќе победат на националните избори повеќе не се прифатливи овде, во Брисел, домот на глобализмот, бидејќи ако не се согласувате со Унијата, мора да сте лош човек“, изјави и Најџел Фараж, поранешен европарламентарец.

Анкетите покажуваат дека централно-десничарските и екстремно десничарските партии ќе добијат свои места на европските избори во јуни.

Неодамнешното истражување на ЕУ сугерира дека руската инвазија на Украина и европската одбрана и безбедност се високо на листата на приоритети на гласачите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG