Линкови за пристапност

Гордана Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот


Гордана Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00

Некои настани што се случуваа деновиве не наликуваа на фер и демократски избори. Имав средба и со набљудувачите. И тие го знаат тоа. Но, се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно, рече кандидатката Гордана Силјановска Давкова после нејзиното денешно гласање во Скопје.

„Ако мислите во поглед на резултатот, очекувам да го зацврстам. Но, ако мислите во поглед на регуларност, нерегуларност, не можам да кажам, не знам, бидејќи некои настани што се случуваа деновиве не наликуваа на фер и демократски избори. Имав средба и со набљудувачите. И тие го знаат тоа. Но, се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно“, истакна кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова после нејзиното денешно гласање во Скопје.

„Не можам да не кажам дека ветото не го сметам за инструмент на градење пријателство и добрососедство. Очекувам Бугарија, бидејќи е во ЕУ, да го следи моделот на Шведска, Данска, Финска, кои беа главните поддржувачи на Летонија и Естонија“, рече Силјановска Давкова.

„Една од моите први изјави беше дека јас нема да патувам, ниту во Брисел, ниту во светот, освен ако не ме викнат. Туку, првите средби би сакал да ги имам со соседите. Ние мораме да градиме регионална политика. Само така и во ЕУ ќе бидеме посилни“, додаде кандидатката Силјановска Давкова.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG