Линкови за пристапност

Гингрич со двоцифрено водство пред Ромни


Гингрич со двоцифрено водство пред Ромни
Гингрич со двоцифрено водство пред Ромни

Поранешниот спикер на Претставничкиот дом на Конгресот Њут Гингрич го зацврстува водството меѓу републиканските кандидати во трката за претседател.

Гингрич го одмина поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни во неколку национални истражувања на јавно мислење во држави каде најрано се гласа.

Една од тие држави е Ајова, каде тој е на прво место за републиканска номинација во кокусот што ќе се одржи на 3-ти јануари.

Ново истражување на ABC News-Washington Post покажува дека Гингрич има 33 проценти поддршка меѓу најверојатните републикански настроени учесници во гласањето во Ајова. Ромни и претставниккот Рон Пол од Тексас се изедначени на второ место со 18 проценти секој. Истражувањето исто така покажува дека повеќето жители на Ајова на Гингрич најмногу му веруваат дека може да се справи со економијата.

Во Јужна Каролина Гингрич е пред Ромни со 38 спрема 22 проценти во ново истражување што беше објавено во вторник од Универзитетот Винтроп. Тексашкиот гувернер Рик Пери е трет со девет проценти.

Рејтингот на Гингрич скокна откако од трката се откажа бизнисменот Херман Кејн, кој стана мета на бројни тврдења за сексуална злоупотреба и вонбрачни врски.

XS
SM
MD
LG