Линкови за пристапност

Бакман се повлекува од кандидатурата за претседател


Бакман се повлекува од кандидатурата за претседател
Бакман се повлекува од кандидатурата за претседател

Мишел Бакман, членка на Конгресот од Минесота, ја заврши кампањата за претседател на САД, неколку часа по официјалниот пласман на шесто место во републиканскиот партиски кокус во Ајова.

Бакман стана првата кандидатка што се повлече годинава од трката за републиканска претседателска номинација.

Сепак, тексашкиот гувернер Рик Пери вети дека ќе продолжи со кампањата, и покрај завршувањето на петто место. Тој на поддржувачите им кажа преку твитер дека ќе води кампања во Јужна Каролина, пред прелиминарните избори во оваа сојузна држава закажани за 21 јануари.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни победи на кокусите на Републиканската партија во Ајова, тесно поразувајќи го социјалниот конзервативец Рик Санторум.

XS
SM
MD
LG