Линкови за пристапност

Без судска разрешница, црната листа на САД е недоволна


Катица Јанева и Стевчо Јакимовски
Катица Јанева и Стевчо Јакимовски

Рамиз Мерко, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се само дел во низата актуелни и поранешни функционери, кои се најдоа на црната листа на САД. Но, тоа не е доволно. Потребно е процесирање на сите наводи на Стејт департментот од страна на јавното обвинителство и домашните судови вели Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење. Ова е дополнителен поттик во борбата против корупцијата, но не е доволен со оглед на досегашното искуство, како ваквите случаи се третираат, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Сега вистинското прашање е доколку тие располагаат со одредени докази кои укажуваат на вмешаност во корупција на голем број на лица од нашата држава, за очекување е и домашните органи да имаат пристап до таквите докази, да можат соодветно да ги процесираат ваквите случаи“, вели Дарко Аврамовски, директор на Коалцијата за правично судење.

„Не треба да имаме илузија дека со ставањето на црната листа проблемите ќе се решат, бидејќи оваа борба е само наша, борба на нашите институции, интегритетот на тие институциите и личностите кои ги водат и доколку немаме судска разрешница, доколку немаме активни истраги против овие лица, секако дека најголема штета која може да се случи е удар по нивната репутација“, вели Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија.

Трошановски додава дека ако нема судска разрешница, тие ќе останат на своите функции и ќе продолжат да управуваат.

„Имаат моќ да управуваат со процеси во државата и ако претходно биле во недемократски и антикорупциски пракси ќе ги продолжат, ако органите на прогонот ги игнорираат овие укажувања од нашите американски партнери“, додава Трошановски.

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен

А, како сето ова ќе се одрази врз претстојните избори, Трошановски смета дека кога станува збор за поранешната специјална јавна обвинителка, тоа многу малку ќе се влијае, но во случајот со градоначалникот на Карпош, Јакимовски, да... иако според македонските закони, тој има право да се кандидира за претседател.

„Сепак ова означување на неговата личност и углед ќе влијае негативно врз исходот од изборите кои ја засегаат неговата кандидатура. Сепак доколку влезеше во претседателската дебата и себе-промоција без оваа квалификација на црната листа ефектот од неговите пораки до јавноста ќе беше многу поголем“, додава Трошановски.

Периодот е многу краток за да се очекува дека пред изборите би можело да има некакви случувања, вели Аврамовски.

Знамиња Македонија-САД
Знамиња Македонија-САД

„Не би ги гледал овие работи низ призмата на изборите и политичките влијанија во судството, напротив едноставно сметам дека станува збор за некаква постојана анемичност која е демонстрирана од страна на судот и обвинителството да се справи со ваквите случаи поврзани со висока корупција, особено кога во истите има политички експонирани лица“, вели Аврамовски.

Амбасадорката на САД,, Анџела Агелер порача дека САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција и оти народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции за да запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата.

XS
SM
MD
LG