Линкови за пристапност

САД работат на зајакната обука и опремување на ирачките сили


Брифинг во авион: секретарот Картер разговара со новинарите коишто патуваат со него за посетата на Азија
Брифинг во авион: секретарот Картер разговара со новинарите коишто патуваат со него за посетата на Азија

Додека се борат против милитантите на организацијата Исламска држава

Секретарот за одбрана Аштон Картер денес изјави дека американски одбранбени претставници во моментов бараат начини како да ја зајакнат обуката и опремувањето на провладините сили во Ирак, додека истите се борат против милитантите на организацијата Исламска држава (ИД).

Во разговор со новинарите коишто патуваат со него за посетата на Азија, Картер кажа дека неодамнешните настани во Ирак, каде што милитантите го зазедоа Рамади, главниот град на покраината Анбар, западно од Багдад, покажале дека постои потреба за „способен партнер на теренот“. САД уште од август вршат воздушни напади во Ирак, но досега ја исклучуваа можноста да испратат копнени сили.

По падот на Рамади, Картер ја доведе во прашање, како што кажа самиот, „волјата“ на ирачките сили. Тоа, пак, предизвика реакција од Белата куќа во знак на поддршка за ирачките сили во борбата против ИД.

Американскиот секретар за одбрана денес кажа дека забрзаната обука и опремување на ирачките сили позитивно ќе се одрази во однос на „нивната самодоверба и способноста да дејствуваат“. Тој рече и дека треба да се обучат и борците од сунитските племиња.

Портпаролот на белата куќа Џош Ернест вчера изјави дека САД веруваат дека за успех во борбата за Рамади се потребни сили составени од сите секти во Ирак.

XS
SM
MD
LG