Линкови за пристапност

Гласање во Вашингтон за претседателските избори во Северна Македонија


Гласање во Вашингтон за претседателските избори во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени. Северна Македонија планира да потроши 800.000 евра за да им го овозможи избирачкото право на две и пол илјади иселеници да гласаат за шеф на државата.

На 11-те парламентарните избори, пак, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските, своето право на глас ќе може да го остварат 1 033 избирачи повеќе, односно 1 .815. 350 избирачи.

Разликата во бројот на запишани избирачи во Избирачкиот список се должи на оние граѓани кои помеѓу првиот круг од претседателските и парламентарните избори наполниле 18 години.

На изборите има 1.755 кандидати, од кои 1.002 мажи и 753 жени.

Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Во Собранието на Северна Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици.

Во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.

Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG