Линкови за пристапност

Бајден изрази жалење за жртвите од нападите на Хамас, но ги предупреди Израелците да не бидат обземени од бес


„Предупредувам дека одлуките за време на војната „никогаш не се јасни или лесни“, рече претседателот.
„Предупредувам дека одлуките за време на војната „никогаш не се јасни или лесни“, рече претседателот.

Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето во Тел Авив во средата изрази жалење за загубата на животи за време на нападите во Израел на 7 октомври од страна на Хамас.

Но, тој, исто така, ги предупреди Израелците дека иако може да чувствуваат бес, не треба да бидат обземени од него.

„Предупредувам дека одлуките за време на војната „никогаш не се јасни или лесни“, рече тој.

„Потребно е поставување многу тешки прашања. Потребна е јасност за целите и искрена проценка за тоа дали патот по кој одите ќе ги постигне тие цели“, додаде првиот човек на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел се согласил дека хуманитарната помош може да премине во Газа од Египет, предупредувајќи дека секој обид на Хамас да ја украде помошта ќе илустрира дека „нема грижа за благосостојбата на палестинскиот народ“.

САД „недвосмислено се залагаат за заштита на цивилниот живот за време на конфликтот“, рече Бајден за време на изјавите во Тел Авив, додавајќи: „На луѓето од Газа им треба храна, вода, лекови, засолниште“.

„Денеска побарав од израелскиот Кабинет, со кој се сретнав извесно време утринава, да се согласи за испорака на спасувачка хуманитарна помош за цивилите во Газа, врз основа на разбирањето дека ќе има инспекции и дека помошта треба да оди во цивили, а не на Хамас“, рече Бајден.

„Израел се согласи дека хуманитарната помош може да започне да се движи од Египет во Газа“, рече претседателот.

„Ние работиме во тесна соработка со владата на Египет, Обединетите нации и нејзините агенции како Светската програма за храна и другите партнери во регионот за камионите да се движат преку границата што е можно поскоро“, рече Бајден.

Бајден нагласи и дека „мнозинството“ Палестинци не се со Хамас.

„Огромното мнозинство од Палестинците не се Хамас. Хамас не го претставува палестинскиот народ“, рече тој.

„Хамас ги користи невините, невините семејства во Газа како жив штит, ставајќи ги своите командни центри, своето оружје и комуникациските тунели во станбените области. Палестинскиот народ исто така многу страда“, додаде Бајден.

Тој, исто така, се осврна и за експлозијата во болницата во вторникот во градот Газа, велејќи: „Ние жалиме за загубата на невините палестински животи како и целиот свет“.

„САД недвосмислено се залагаат за заштита на цивилниот живот за време на конфликтот. И јас тагувам, за семејствата кои беа убиени или ранети од оваа трагедија“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG